Skip to content

Подобрување на патната мрежа за развој на руралната прекугранична област – АГРАС

Краток опис на проектот

Партнери

Регион Централна Македонија (Р. Грција)

Вкупен буџет

73322330

Финансиран од

Резултати

Времетраење

Веб страна

Општините од Југоистокот работат на тоа да изградат систем со кој ќе се обезбеди подобар стандард на живеење на граѓаните преку процесот на децентрализација. Тоа ќе го постигнат преку воведување на функционална и ефикасна администрација, која ќе работи по принципите на локалната демократија и одржлив развој, како и со рационало користење на ресурсите за создавање на можности за развој на идните генерации. Со цел да се исполнат овие принципи треба да се создадат потребните предуслови за подобро планирање и хармонизирање на општинските стратешки документи, како и да се даде приоритет на проектите за развој на патна инфраструктура во Југоисточниот плански регион.

Цели на проектот:

  • Создавање на силна основа за подобрување на инфраструктурата во двата региони (Регион Централна Македонија – Р. Грција и Југоисточниот регион – Р. Македонија);
  • Подобрување на економскиот развој;
  • Зголемување на прекуграничната соработка;
  • Подобрување на условите за трговија и туризам.

Очекувани резултати:

  • Извршена анализа и подготвена Студија на можности за постоечката инфраструктура во ЈИПР;
  • Елаборирана техничка документација за локалниот пат Ѓавато – Грчиште;
  • Испечатена и доставена Студија на можности која ќе биде употребена во иднина од заинтересираните страни – Општини, Региони, Министерства ;
  • Подобрување на локалната патна инфраструктура преку елаборација на техничката документација за локалниот пат Ѓавато – Грчиште;
  • Подобрување на знаењето и размена на искуства со екперти од Република Грција со цел да се подобрат условите на патната инфраструктура во ЈИПР како и студиска посета;
  • Подобрување на духот на соработката помеѓу двата соседни региони, Регионот Централна Mакедонија во Грција и Југоисточниот плански регионот во Република Македонија.

Галерија

Споделeте го овој проект

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram