Skip to content

Подобрување на постојната патна инфраструктура во руралните средини во Југоисточниот плански регион заради подобар пристап до земјоделските површини

Состојба на проект

Реализирани проекти

Датум на отпочнување

ноември 18, 2015

Датум на реализација

јули 1, 2016

ТИП НА ФИНАНСИРАЊЕ

Национални фондови

БУЏЕТ (ДЕНАРИ)

5429713

Југоисточниот плански регион е најголемиот и најпознат земјоделски регион во Република Северна Македонија, а земјоделскиот сектор е водечка индустриска гранка и генератор на развојот на регионот. Најголемиот број од активните деловни субјекти се во делот на примарното земјоделство и преработката на земјоделските производи.

Секторот е составен и од голем број на помали семејни земјоделски стопанства и индивидуални производители. Обработката на земјоделските површини како еден од главните извори на егзистенција на населението, поврзувањето со патна инфраструктура помеѓу населените места, како и подобрување на пристапите до земјоделските обработливи површини се единствен предуслов за овозможување на подобар квалитет на живот на граѓаните коишто живеат во руралните средини во Југоисточниот регион.

Поради непостоењето на соодветна пристапна инфраструктура, отежнат е пристапот на земјоделците до нивните земјоделски површини заради извршување на секојдневните работни обврски. Токму преку овој проект се предвидува четири општини во Југоисточниот регион да добијат уредени полски патишта, тампонирани, проширени, без ударни дупки и со исчистена вегетација со цел земјоделците да имаат полесен и побрз пристап до нивните земјоделски површини.

Патиштата кои ќе се уредуваат се наоѓаат во општините Босилово, Ново Село, Гевгелија и Богданци и истите ќе овозможат пристап на земјоделците до вкупно 388 хектари плодно земјоделско земјиште. Изградбата на ваквите полски патишта има големо значење за земјоделските домаќинства од регионот, бидејќи ќе имаат поквалитетен и побрз пристап до своите обработливи земјишта, ќе бидат и помотивирани да ги извршуваат секојдневните обврски на нивите, а и да одгледуваат подоходовни земјоделски култури.

Цели на проектот 

  • Тампонирање на полски патишта во четири општини во Југоисточниот регион;
  • Олеснување на пристапот до земјоделските површини;
  • Олеснување на транспортот при одведувањето на земјоделските производи до откупните центри за продажба;
  • Подобрување на условите за живот на граѓаните во регионот.

Резултати од проектот 

  • Уредени, тампонирании проширени полски патишта во четири општини во Југоисточниот регион;
  • Олеснет пристап на земјоделците до нивните земјоделски површини;
  • Олеснет транспорт на земјоделските производи до откупните центри;
  • Намалена загуба во квалитетот на земјоделските производи;
  • Подобрена сообраќајна инфраструктура во селата во Југоисточниот плански регион;
  • Зголемен економски развој во Југоисточниот регион.

Галерија

Парнерски општини: Општина Босилово, Општина Ново Село, Општина Гевгелија, Општина Богданци
Документација 

Споделeте го овој проект

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram