Skip to content

Подобрување на условите за квалитетен живот и безбедност на граѓаните од населените места низ кој поминуваат патиштата А4, Р1105 и Р1102 во ЈИПР

Краток опис на проектот

Во рамките на овој проект предвидени се заеднички активности на петте општини за изградба на тротоари во шесте населени места и тоа во: с. Дабиље – општина Струмица, с. Секирник – општина Босилово, с. Ново село и с. Коњарево – општина Ново Село, низ кој населени места поминува магисталниот пат А4 (М6) Струмица – Ново Село – Граничен премин со Бугарија, во населно место Валандово низ кое поминува Регионалниот пат од прва категорија Р1105 и од Негорски Бањи како туристичко место до с. Негорци поминува регионалниот пат Р1102 и се приклучува на патот А1, за создавање на услови за намалување на сообраќајни незгоди во кој се вклучени пешаци а со самото тоа поголема безбедност на своите граѓани од овие населени места и сите лица вклучени во сообраќајот.

Реализацијата на овој проект ќе овозможи современ пристап на граѓаните до своите домови, работни места, училиштата, институциите и др. како и соовремен пристап до туристичкиот локалитет Негорски Бањи и развој на рекреативнот туризам.

Цели на проектот:

  • Соодветен пристап на граѓаните до своите домови, работни места, училишта и поврзување со туристичкиот локалитет „Негорски бањи“;
  • Намалување на сообраќајни незгоди во регионот.

Партнери

Општина Босилово, Општина Валандово, Општина Гевгелија, Општина Ново Село, Општина Струмица

Вкупен буџет

15.270.809,00 денари

Финансиран од

Биро за регионален развој, Општина Босилово, Општина Валандово, Општина Гевгелија, Општина Ново Село и Општина Струмица

Резултати

  • Зголемена безбедност на жителите во населените места с.Дабиле – Општина Струмица, с. Секирник – Општина Босилово, с. Ново Коњарево – Општина Ново Село, населено место Валандово – Општина Валандово и с. Негорци – Општина Гевгелија;
  • Намален бројна сообраќајни незгоди;
  • Изградени пешачки патеки.

Времетраење

9 месеци

Веб страна

Во рамките на овој проект предвидени се заеднички активности на петте општини за изградба на тротоари во шесте населени места и тоа во: с. Дабиље – општина Струмица, с. Секирник – општина Босилово, с. Ново село и с. Коњарево – општина Ново Село, низ кој населени места поминува магисталниот пат А4 (М6) Струмица – Ново Село – Граничен премин со Бугарија, во населно место Валандово низ кое поминува Регионалниот пат од прва категорија Р1105 и од Негорски Бањи како туристичко место до с. Негорци поминува регионалниот пат Р1102 и се приклучува на патот А1

 

Галерија

Споделeте го овој проект

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram