Skip to content

Помалку отпад за поквалитетен живот

Состојба на проект

Реализирани проекти

Датум на отпочнување

декември 19, 2019

Датум на реализација

март 13, 2020

ТИП НА ФИНАНСИРАЊЕ

Национални фондови

БУЏЕТ (ДЕНАРИ)

1476464

Климатските промени резултираат со зголемувањето на температурата на годишно ниво, намалување на деновите со врнежи и количеството на истите. Освен влијанието што го имаат врз луѓето со респираторни и кардиоваскуларни проблеми, истото има и влијание врз земјоделските и шумските култури. Уште позначајно е нивното влијание врз хидрометереолошки параметри кои ги опфаќаат подземните и надземните води т.е. нивното користење.

Со санацијата на дивите ѓубришта ќе се овозможи заштита и унапредување на квалитетот и состојбата на медиумите на животната средина: почвата, водата, воздухот; на областите на животната средина, на биолошката разновидност и други природни богатства, намалување на емисиите на отровни, а со тоа заштитата на озонската обвивка и заштитата од негативното влијание на човекот врз климатскиот систем. Сето тоа ќе допринесе до поквалитетен начин на живеење и зачувување на здравјето на граѓаните во регионот.

Исто така Југоисточниот плански регион има изобилство од природни убавини кои претставуваат одлична база за развој на туризмот. Презентирање на чистата и здрава околина ќе ја зголеми посетата на странски и домашни туристи, а сето тоа ќе допринесе до подобар економски развој на регионот.

Преку овој проект предвидено е дивите ѓубришта во општина Радовиш да бидат расчистени и собраниот мешан отпад од дивите ѓубришта да биде транспортиран до депонија Сушица која се наоѓа на територијата на општина Радовиш. Со тоа ќе биде опфатен дел од Југоисточниот регион со што придобивките од овој проект се однесуваат не само на граѓаните од оваа општина, туку и на граѓаните од регионот, па дури и секојдневните посетители. Истиот претставува поттик и за другите градоначалници од регионот да го земаат во предвид значењето на расчистувањето на дивите ѓубришта, како еден од најголемите проблеми на современиот свет.

Цели на проектот:

  • Расчистување на диви ѓубришта во општина Радовиш;
  • Чистење на 11 диви ѓубришта – градски депонии во општина Радовиш;
  • Овозможување на почиста животна средина.

Резултати од проектот:

  • Расчистени 11 диви депонии од Радовиш;
  • Почиста животна средина;
  • Подобрени услови и поквалитетен живот за граѓаните од регионот;
  • Намалување на климатските промени;
  • Санација на дивите ѓубришта и почиста слика за Југоисточниот плански регион.

Галерија

Парнерски општини: Општина Радовиш
Документација 

Споделeте го овој проект

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram