Skip to content

ПРЕВЗЕМИ ЧЕКОР, ЗАШТИТИ ЈА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

Краток опис на проектот

Партнери

Општините Василево, Конче, Струмица

Вкупен буџет

11.190188

Финансиран од

Резултати

Времетраење

Веб страна

Трите општини од овој регион (Струмица, Конче и Василево) се договорија партнерски своите активности да ги насочат кон заштита и унапредување на животната средина преку подобрување на комуналната инфраструктура и системите за прифаќање на атмосферските и отпадните води.

Со промена на кварцниот песок за прочистување на водата во пречистителната станица, како и поставување на дополнителна опрема, жителите ќе го решат еден од најголемите проблеми со кој се соочуваат и ќе добијат безбедна вода за пиење во о.Василево.

Уредување на поројот „Крушевска Република до улив во река Тркајна“ е проект со кој о.Струмица ќе придонесе за намалување на влијанието и загадувањето од атмосферските и отпадни води како во централното градско подрјаче така и во периферните делови на градот.

Активностите во проектот предвидуваат доизградба на постоечкиот колектор од ревизионата шахта означена како (РШ1) во проектот и изградба на пречистителна станица за село Ракитец, о.Конче.

Резултати

  • Ублажување на ефектот од климатските промени и заштита на плодноста на земјата од загадување и ерозивни процеси;
  • Обезбедување и заштита на квалитетна вода за пиење;
  • Зајакнет регионален капацитет за одржливо управување со животна средина

Галерија

Споделeте го овој проект

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram