Приоритет на секој регион претставува економскиот развој, кој зависи од заеднички напори и придонеси од сите општествени чинители и засегнати страни како приватен сектор, општини, институции, фондации и здруженија. Кога станува збор за локалниот економски развој, создавањето на нови работни места како и обезбедувањето на поддршка за локалните бизниси и инвестиции, општините се соочуваат со многу предизвици.
Заради адресирање на овие прашања, во рамките на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион беше формиран Регионален бизнис центар за поддршка и консултативни услуги за малите и средни прептијатија, а неговото формирање е засновање на одлука на Владата на Република Македонија.
Како дополнување на претходните активности, беа доделени дополнителни финансиски средства од Министерството за локална самоуправа со цел продожување на проектот како и имплементирање на дополнителни активности кои ќе бидат насочени кон бизнис секторот заради зголемување на капацитетот и потенцијалот на приватните компании.
*Цели на проектот
- Креирање на бизнис инфраструктура од датабази и збирки на слободни локации за инвестирање, од каде компаниите ќе може да ги добиваат сите потребни информации и услуги;
- Воспоставување партнерство и комуникација меѓу малите и средни претпријатија, претприемачи, земјоделци и други субјекти;
- Создавање на ефикасен и ефективен амбиент на ниво на плански регион за поддршка на приватниот сектор;
- Изработка на Регионална Програма и предлог- акционен за развој и поддршка на приватен сектор во координација со другите ентитети во регионот.