Skip to content

Развој на патната инфраструктура преку изградба на мост за поврзување на руралните места во општините Босилово, Ново Село и Струмица

Краток опис на проектот

Југосточниот плански регион се протега на крајниот југоисточен дел на Република Македонија, на југ се граничи со Грција, на исток со Република Бугарија, а на север и запад се граничи со Источниот и Вардарскиот регион. Патната мрежа во Југоисточниот плански регион може да се оцени како средно развиена.

Рамномерно развиена патна мрежа, современи патишта и релативно безбедни услови за одвивање на сообраќајот претставуваат основа за забрзан одржлив развој како на локално, така и на регионално ниво во
секоја област на човековото живеење.

Целта на овој проект е изградба на мост на патот помеѓу с.Бориево и с. Колешино во должина од 30,7 метри и ширина од 6 метри. Овој мост ќе создаде услови за подобрена комуникација помеѓу жителите на руралните населени места од општините Босилово, Ново Село и Струмица, полесно пренесување на земјоделски производи, но и подобрена достапност до туристичките локалитети во Подбеласичкиот регион.

Цели на проектот:

  • Изградба на мост како дел од патот помеѓу с. Бориево и с. Колешино;
  • Соодветен пристап на граѓаните до своите домови, работни места, училишта, земјоделски површини и
    откупни центри;
  • Подобрен пристап до туристичките локалитети во Подбеласичкиот регион;
  • Намалување на сообраќајните незгоди во регионот.

Партнери

Општина Босилово, Општина Ново Село, Општина Струмица

Вкупен буџет

11.719.243,00 денари

Финансиран од

Биро за регионален развој, Општина Босилово и Општина Ново Село

Резултати

  • Изграден мост на локален пат с. Бориево– с. Колешино;
  • Поврзување на населението од руралните места од општините Ново Село, Босилово и Струмица.

Времетраење

8 месеци

Веб страна

Југосточниот плански регион се протега на крајниот југоисточен дел на Република Македонија, на југ се граничи со Грција, на исток со Република Бугарија, а на север и запад се граничи со Источниот и Вардарскиот регион. Патната мрежа во Југоисточниот плански регион може да се оцени како средно развиена.

Галерија

Споделeте го овој проект

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram