Пограничниот регион, Македонија-Бугарија се соочува со значајни проблеми со отпадоците. Многу малку мислат дека отпадокот може да биде употреблив, но постои начин кој се нарекува компостирање. Лиценцата за компостирање и припаѓа на животната средина. Компостирањето би било голем благодет за почвата во овој регион преку обработено ѓубре кое се претвара во органско и го прави корисно за нашето земјоделие.
Размислуваме за компостирање – Посветени на одржување на органскиот синџир
Краток опис на проектот
Пограничниот регион, Македонија-Бугарија се соочува со значајни проблеми со отпадоците. Многу малку мислат дека отпадокот може да биде употреблив, но постои начин кој се нарекува компостирање. Лиценцата за компостирање и припаѓа на животната средина.
Компостирањето би било голем благодет за почвата во овој регион преку обработено ѓубре кое се претвара во органско и го прави корисно за нашето земјоделие.
Компостирањето придонесува да:
- Намалување на ерозијата на почвата преку подобрување на нејзината структура;
- Враќање на значаен број на хранливи материи во почвата;
- Ја намалува потребата за наводнување, задржувајки ја подолго во почвата;
- Сузбивање на растителни болести.Овој проект цели кон развивање на човековото знаење за важноста на животната средина преку компостирањето. Партнерите кој соработуваат ќе користат разновидни методи како прес конференции, инормирање на јавноста преку видеа, брошури, реклами итн. Исто така планирани се 400 компостери да бидат доделени во 10 општини од југоисточниот регион.
Цели на проектот:
- Спроведување на промотивни активности за бенефициите од компостирањето;
- Зголемување на свеста за заштита на животната средина;
- Да се интензивира прекугранична соработка помеѓу лугето и институциите од регионите;
- Стимулирање на заедничка соработка за справување со предизвиците во регионот во однос на богатството на органски отпад во прекуграничниот регион преку искористување на потенцијалите на компостирање;
- Претварање на органски отпад во корисно органско ѓубриво.
Партнери
Асоцијација на Југозападните општини - Благоевград (Р. Бугарија)
Вкупен буџет
7.205.611,00 денари
Финансиран од
Интеррег - ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија 2014-2020 година
Резултати
- Доделување на 400 бесплатни компостери за оние на кои им е најпотребно со што ќе се намалат и трошоците од семејниот буџет за ѓубриво и ќе придонесе да се запознаат другите лиге со бенеициите од компостирањето;
- Подигање на свеста помеѓу граѓаните преку промотивни видеа за проектот и компостирањето, промовирање на бенефициите од компостирањето;
- Запознавање на граѓаните со компостирањето и процесот на компостирање преку убаво дизајнирани брошури, електронска верзија од брошурите ќе биде објавена исто така на веб страната и социјалните мрежи;
- Студии за “Анализа на потенцијалите на компостирање во пограничниот регион ” Студиите ќе содржат информации за компостирањето како и бенефициите од нивна употреба;
- Успешни прес конференции со сите учесници;
- Најмалку 10 инфо денови во општините со корисни информации за проектот;
- Успешна обука и работилница со претставници од општините од прекуграничниот регион. Целта на обуката ќе биде одговорните лица да се запознаат со компостирање и процесот на компостирање.
Времетраење
15 месеци
Веб страна
Галерија
Документација
Споделeте го овој проект
Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram