Skip to content

Рано откривање на пожарите и нивно движење за превенција и справување со катастрофи eFIDAR

Краток опис на проектот

Општата цел на проектот е ефикасно откривање и управување со шумски пожари во прекуграничната област преку соодветни ИКТ алатки со цел зголемување на подготвеноста како и рзмена на практики меѓу двете земји. Развојот и имплементацијата на ИКТ системи за ефикасно рано откривање на шумски пожари, со зголемена прецизност, намалување ниски стапки на лажни аларми и способност за 24/7 работа ќе го покаже потенцијалот на ваквата иновативна технологија која ќе придонесе кон рано предупредување за ризик од катастрофи од шумски пожари.

Системот ќе придонесе за ублажување и управување со ефектите по пожарот што резултираат со ширење на пожарот, преку обезбедување точни информации за дисперзија на чад од шумски пожари. Ќе се развијат и мапи врз основа на заедничка методологија за идентификација на области каде што би можеле да бидат распоредени ИКТ системи за рано откривање на шумски пожари, со цел да се зголеми и дисеминира заедничка култура на отпорност на ризик, проектот ќе овозможуваат развој на прекугранична мрежа, споделување на научни знаења и најдобри практики за ефикасно спречување и управување со шумски пожари.

Главни активности на проектот:

  • Набавка на четири ефикасни противпожарни возила за заштита од шумски пожари;
  • Заедничка прекугранична шема за идентификација на вредностите од ризик и заедничка методологија за попис и мапирање на шумски пожари;
  • Развој на ИКТ систем за рано откривање и предупредување на шумски пожари во прекуграничниот регион;
  • Обуки за рано предупредување од пожари;
  • Мрежа за едукација на прекуграничниот регион за справување со пожари;
  • Имплементација на алатки за кориснички урбан интерфејс (WUI) и компјутерска обука за користење на системот за шумски пожари;
  • Подготовка на упатство за проценка на ризикот од шумски пожари во прекуграничната област;
  • Подготовка на заеднички протоколи за прекугранично управување со пожари;
  • Изработка на прекуграничен Акциски план за ублажување на ризик.

Партнери

Регионот на Централна Македонија, Грција и Центар за управување со кризи, Република Северна Македонија

Вкупен буџет

На Центарот за развој на Југоисточниот плански регион е 501,740.96 €

Финансиран од

Интеррег ИПА програмата за Прекугранична соработка „Грција - Република Северна Македонија 2014-2020“

Резултати

  • Набавени четири противпожарни возила за потребите на ТППЕ Струмица, ТППЕ Гевгелија, ТППЕ Валандово и ТППЕ Радовиш;
  • Развиен ИКТ систем за рано откривање и предупредување на шумски пожари;
  • Подготвени детални, геопросторни дигитални карти за опасноста и ризикот од шумски пожари во прекуграничната област;
  • Обезбедена контролна табла за клучни информации за безбедност на прекуграничниот регион од пожари.

Времетраење

24 месеци

Веб страна

Општата цел на проектот е ефикасно откривање и управување со шумски пожари во прекуграничната област преку соодветни ИКТ алатки со цел зголемување на подготвеноста како и рзмена на практики меѓу двете земји. Развојот и имплементацијата на ИКТ системи за ефикасно рано откривање на шумски пожари, со зголемена прецизност, намалување ниски стапки на лажни аларми и способност за 24/7 работа ќе го покаже потенцијалот на ваквата иновативна технологија која ќе придонесе кон рано предупредување за ризик од катастрофи од шумски пожари.

 

Галерија

Споделeте го овој проект

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram