Влијанието на овој проект е од голема важност за регионалниот развој бидејќи изградбата на патната инфраструктура ќе претставува основа врз која ќе се развијат низа фактори кои се од регионално значење за Југоисточниот плански регион. Со развој на квалитетна патна мрежа, освен подобрувањето на квалитетот на транспортот од едно до друго населено место, се подразбира и олеснување на размена на стока, а со тоа и самата комуникацијата на локалното население.
Со овој проект ќе се остварат заедничките интереси на населението од општините Гевгелија и Богданци, ќе се подобри комуникацијата на граѓаните помеѓу селата Богородица и Стојаково, на земјоделските производители кои имаат земјоделски површини во непосредна близина ќе им се овозможи намалување на транспортните трошоци и зачувување на квалитетот на земјоделските производи. Исто така ќе се овозможи полесен пристап до пазарите на големо во регионот и Р. Македонија, но и полесен извос надвор од земјата.
Ревитализацијата на патниот правец Богородица – Стојаково води кон подобрување на патната инфраструктура во општините Гевгелија и Богданци и подобрување на условите за живот на граѓаните во овој дел од регион со што се овозможува поголем економски развој на општините, а воедно и на целиот Југоисточен регион.
Цели на проектот:
- Ревитализацијата на патен правец во должина од 2100 метри и ширина од 5,5 метри – с. Богородица – с. Стојаково – крстосница со регионален пат Гевгелија – Богданци;
- Развој на патна инфраструктура во Југоисточниот плански регион;
- Поврзување и олеснет пристап до населени места во Југоисточниот плански регион.
Резултати од проектот:
- Ревитализиран патен правец во должина од 2100 метри и ширина од 5,5 метри – с. Богородица – с. Стојаково -крстосница со регионален пат Гевгелија – Богданци;
- Подобрени услови и поквалитетен живот за граѓаните од регионот;
- Развиена патна инфраструктура;
- Олеснет пристап до населени места и земјоделски површини во Југоисточниот плански регион;
- Зголемен економски развој.