Во рамките на проектот „Поддршка на социјалното претприемништво“ Центарот за развој на Југоисточниот плански регион е избран за Регионална канцеларија за социјално претприемништво. Социјалното претприемништво во Северна Македонија е во почетен развој, но постоечките социјални претпријатија покажуваат дека има потенцијал за раст и развој на овој концепт и кај нас. Токму од тие причини во наредниот период е предвидено и донесување на посебна законска рамка со која ќе биде опфатено социјалното претприемништво.
Социјалното претриемништво всушност претставува спроведување на eкономски активности под одредени услови на работење и вработување на воглавно марганализирани групи на лица. Социјалното претпријатие е нов модел на бизнис со социјална цел кој сеуште не е (доволно) застапен во македонската економија, но се практикува низ целиот свет. Социјалните претпријатија делуваат во две насоки, тоа:
• Обезбедуваат добра и услуги за маргинализираните и неразвиените заедници;
• Вработуваат лица од ранливи групи граѓани.
Голема чест за Центарот за развој на Југоисточниот плански регион е што со овој проект отсега ќе дејствува како Регионална канцеларија за поддршка на социјалните претпријатија во Југоисточниот плански регион. Притоа, Центарот ќе нуди постојана квалитетна техничка и професионална поддршка со цел да се обезбеди вработување на ранливите групи на граѓани и навремено ќе ги информира за можностите за финансиска и техничка поддршка достапна за потенцијалните социјални претпријатија.
Целта на Социјалната регионална канцеларија за социјално претприемништво е да поддржи долгорочно и одржливо вработување и деловни можности за ранливите и маргинализирани групи и да обезбеди опсег на услуги како што се трансфер на знаење, градење капацитети, образование и обука, бизнис тренинзи, организација на настани , споделување канцелариски простор или опрема. Регионалната канцеларија ќе ги идентификува потребите, ќе развива и промовира нови услуги и ќе понуди дополнителна поддршка за воспоставување на еко-систем за развој на социјалните претпријатија.
Резултати од проектот:
-Организирани најмалку 4 информативни сесии (онлајн/офлајн) во средните училишта, вклучувајќи стручни училишта, како и младински невладини организации и клубови;
-Организирани 2 локални саеми на кои ќе се промовират локалните социјални претпријатија;
-Споделени информации и совети за посетителите за прашања поврзани со социјалното претприемништво;
– Воспоставени партнерства помеѓу локалните засегнати страни (општини, НВО / социјални претпријатија, приватни бизниси);
-Поддршка за основање потенцијални социјални претпријатија (заради заедничко разбирање, )
-Спроведување на друг вид обуки и информативни сесии до заинтересираните страни;
-Обезбедени општи информации што ќе се користат за промотивни цели на проектот.