Локалниот патен правец клучка Карбино на М-6 до населено место Добрашинци се протега кон североисток во должина од 5000 метри. Патот е предвиден за двонасочен сообраќај по две
коловозни ленти за сите видови на моторен,велосипедски,пешачки и запрежен сообраќај.
Во текот на експлоатацијата патот е доста оптеретен бидејќи поминува низ активен земјоделски регион и истиот води кон комуналната депонија на општина Струмица и Василево каде секојдневно се врши одвоз на смет со тешки специјализирани возила.
Особено значајно е што оваа делница е пристапен пат до регионалната депонија „Добрашинци“ која ќе се гради на место на постојната депонија. Регионалната депонија е од особено значење бидејќи ќе биде прва од ваков вид во Македонија, а ќе ги опслужува општините од целиот Југоисточен регион.
Цели на проектот:
- Подобрување на локалната патна инфраструктура во во Југоисточниот плански регион.
- Подобрување на условите за живот на граѓаните во овој микро регион
- Подобри стартни позиции при распишување на јавниот повик за изградба на регионалната депонија ,,Добрашинци”
Резултати од проектот:
- Реконструиран патен правец од клучка Карбино на регионалниот пат М6 до Добрашинци и регионалната депонија во должина од 3918 метри.