Skip to content

Реконструкција на пат од крстосница за с.Добрашинци до брана Турија од КМ 0+0000 до КМ 0+800 во општина Василево

Состојба на проект

Реализирани проекти

Датум на отпочнување

декември 4, 2019

Датум на реализација

декември 31, 2020

ТИП НА ФИНАНСИРАЊЕ

Национални фондови

БУЏЕТ (ДЕНАРИ)

11664619

Развојот на еден регион зависи од повеќе фактори. Еден од позначајните е квалитативниот и квантитативниот степен на изградба на физичката инфраструктура. Секое општество се стреми кон овозможување на повисок и поквалитетен животен стандард на граѓаните, што во суштина значи и константно подобрување на условите за живот.

Овој Проект се однесува за реконструкција на патна инфраструктура на дел од патот кој води кон браната Турија, еден од најзначајните туристички локалитети на територија на општина Василево, која покрај тоа што се користи како основен извор за вода на пиење на градот Струмица, се користи и за риболов и рекреација. Патот е од рангот на пристапни патишта со почеток на крстосница со регионалниот пат кој води до с.Добрашинци, и продолжува кон браната Турија. Овој пат е од локално значење кој што во иднина би се подигнал на ниво на присапна улица за населеното место. Со реконструкцијата на ваквата патна инфраструктура на дел од патот ќе овозможи туристичкиот локалитет брана Турија да биде посетена од домашни и странски туристи, со цел зголемување на туристичкиот и економскиот развој како на општината Василево така и на целиот регион.

Проектот ќе се реализира со поддршка од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2018 година од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој од мерка 323, Зачувување и унапредување на традиционалните вредности во руралните средини.

Цели на проектот:

  • Реконструкција на патна инфраструктура на дел од патот кој води кон брана Турија;
  • Подобрување на локалната патна инфраструктура во Југоисточнот плански регион;
  • Реконструкција и проширување на постоечкиот пат;
  • Зголемување на туристичката понуда;
  • Подобрување на условите за живот на граѓаните во регионот;
  • Олеснување на пристапот до туристичките локации.

Резултати од проектот:

  • Реконструиран пат од крстосница за с.Добрашинци до брана Турија во должина од КМ 0+0000 до КМ 0+800 во општина Василево;
  • Подобрени услови и подобрен квалитет на живот на населението од с.Добрашинци и општина Василево;
  • Зголемен број на туристи и зголемен приход од туризам;
  • Зголемен број на земјоделци кои ќе го користат патот за подобар пристап до пазарите на големо;
  • Подобрена локалната патна инфраструктура во Југоисточниот плански регион;
  • Зголемен економски развој во Југоисточниот регион.

Галерија

Парнерски општини: Општина Василево
Документација 

Споделeте го овој проект

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram