Влијанието на овој проект е од голема важност за регионалниот развој, бидејќи изградбата и реконструкцијата на полските патишта за подобрување на пристапот до обработливи површини претставува основа врз која се развиваат низа фактори кои се од регионално значење за Југоисточниот плански регион.
Со ревитализацијата на ваквите патишта ќе се олесни пристапот на земјоделците до нивните обработливи површини, ќе се олесни транспортот на земјоделските производи до откупните центри и ќе се намалат трошоците за транспорт.
Осовременувањето на овие локални патишта и патни правци ќе ја подобри комуникацијата помеѓу населените места, како и околните населени места во регионот со што ќе ја подобри патната инфраструктура во Југоисточниот регион.
Цели на проектот:
– Олеснување на пристапот до земјоделските површини;
-Тампонирање на полски патишта во четири општини во Југоисточниот регион;
– Олеснување на транспортот при превоз на земјоделските производи до откупните центри за продажба.