Skip to content

Создавање на услови за поголема социјална инклузија на лицата со посебни потреби во Југоисточниот плански регион

Краток опис на проектот

Моменталните услови со кои се соочуваат лицата со посебни потреби, па и вработените во Дневните Центри за лица со посебни потреби во Југоисточниот плански регион се незадоволителни, со ниско ниво на развиеност во поглед на опрема која треба да им се понуди на лицата со посебни потреби со цел за нивна професионална ориентација и рекреирање во секојдневниот престој. Ваквиот квалитет и ваквите норми за престој кои им се нудат на лицата со посебни потреби влијаат врз секој аспект на животот и често резултираат со незадоволство, со нерамноправна положба, со неквалитетен живот, развој и едукација и социјална исклученост од пазарот на трудот.

За надминување на овој проблем во рамки на проектот ќе се набави опрема за:

Професионална ориентација: Сито печатар преку кои лицата со попреченост ќе можат на хартија, ткаенина да печатат одредени мотиви, грничарско колце за изработка на глинени сувенири, разбој за ткаење преку кој ќе може да се изработуваат разни видови на ткаенини користејќи остатоци од конфекциски текстил, силиконски модли за за изработка на разновидни сувенири, принтер во боја за печатење на рециклирана хартија која некои од Центрите сами си ја произведуваат. Преку набавка на ваквите реквизити ќе се овозможи зачувување на професионално културните, традиционални, занаетчиски занимања.

Психомоторен развој: Бочија сет, кош, ролер слајд, лулашка, тунел, базен со топки, карпа-алпинистички ѕид, трицикл со педали, опрема за спортски активности, интерактивни дидактички матријали со цел психомотерен развој, збогатување на амбиентот, подобрување на условите во секојдневието, подобрување на сетилата и квалитетот на животот. Во овој дел освен поставување на опрема исто како услов за спорт и рекреација на лицата со попреченост ќе се адаптира, огради и оплемени двор во Дневен Центар во Струмица.

Достапност на лица со попреченост со набавка на лифт кар– гасеничар за пренос на лица со инвалидитет по скали и стигнување до било кој објект.
Со овој проект ќе се овозможи препознавање на лицата со посебни потреби од бизнис секторот, работно оспособување за нивно идно самостојно учество на пазарот на трудот.

Цели на проектот:

  • Опремување на четири Дневни центри за лица со посебни потреби во ЈИПР со иновативни реквизити за професионална ориентација, психомоторен развој и достапност;
  • Одржување на обуки за користење на опремата за професионална ориентација и за учење на правилата на параолимписка спортска дисциплина „Бочија“.

Партнери

Центар за развој на Југоисточниот плански регион - носител на проектот, ЈУ Меѓуопштински Центар за социјална работа – Оддел Дневен Центар за лица со телесна или ментална попреченост, општина Стумица - ЈУ Меѓуопштински Центар за социјална работа – Оддел Дневен Центар за лица со телесна или ментална попреченост, општина Гевгелија, Дневен центар за деца со посебни потреби, општина Валандово, Центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост, Дневен Центар „ПОРАКА“, општина Радовиш

Вкупен буџет

2.169.000,00 денари

Финансиран од

Швајцарска Агенција за развој и соработка и Министерство за локална самоуправа

Резултати

  • Збогатување на секојдневните активности и благосостојбата на лица со посебни потреби во ЈИПР, воведување на рекреативни, културни и професионално ориентирани реквизити и опрема за достапност;
  • Зајакнaта самодоверба и капацитет на вработените и корисниците во Дневните центри во ЈИПР преку усвојување на знаења и вештини со користење на опрема и реквизити за професионална ориентација и спорт и рекреација;
  • Подобрување на квалитетот на живот и здравствената состојба на лицата со посебни потреби во ЈИПР;
  • Социјализирање и инклузија на лицата со посебни потреби, професионално оспособување преку користење на набавената опрема.

Времетраење

9 месеци

Веб страна

Психомоторен развој: Бочија сет, кош, ролер слајд, лулашка, тунел, базен со топки, карпа-алпинистички ѕид, трицикл со педали, опрема за спортски активности, интерактивни дидактички матријали со цел психомотерен развој, збогатување на амбиентот, подобрување на условите во секојдневието, подобрување на сетилата и квалитетот на животот.

 

Галерија

Споделeте го овој проект

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram