Skip to content

ТУРИЗМОТ – ИДНИНАТА НА РЕГИОНОТ!

Краток опис на проектот

Во рамките на овој проект планирани се следниве активности:

– Изградба на спортско рекреативна трим патека во должина од 1050 м и поставување на урбана опрема како што се 15 дрвени клупи, 15 канти за отпад и паркинг на почетокот на трасата во с.Босилово, Општина Босилово;

– Изградба на бетонирана патека за лица со попреченост во должина од 324 м и поставување на 15 корпи за отпадоци, 1 инфо табла, рамка за паркирање на велосипеди, 1 сообраќаен патоказ и означување на паркинг место за лица со попреченост, како и прилагодување на еден летниковец, изградба на македонска традиционална фурна, на Мокринските извори во с.Мокрино, Општина  Ново Село. Реконструкцијата и поплочување на постоечките патеки во должина од 330 м, поставување на нова ограда на местата каде истата не е поставена, реконструкција на летниковци, изработка на нова дрвена платформа, како и заменување на старите реквизити со нови како што се поставување на 15 канти за отпадоци, 5 дрвени патокази, 13 клупи, 3 маси и поставување на 2 сообраќајни патокази на Колешинските водопади во с.Колешино, Општина Ново Село;

– Одбележување, порамнување и проширување на велосипедска патека на Фронтовата линија во Општина Дојран и поставување на 20 патокази, 2 летниковци и 57 канти за отпад по нејзината должина, како и набавка на 20 електрични велосипеди, поставување на 2 смарт табли за информирање на туристите, еден полнач со два приклучоци за електрични автомобили и поставување на слободни интернет зони во Стар Дојран;

– Подобрување на туристичката инфраструктура со одбележување на патека за пешачење и велосипедизам, како и поставување на урбана опрема како што се електрични инсталации и осветлување, 30 дрвени клупи, 30 канти за отпадок и 4 видиковци долж локалниот пат во населеното место Пирава, Општина Валандово;

– Изградба на улица во с.Радичево, Општина Василево во должина од 327 м, која ќе ги поврзува центарот на селото, со Црквата „Св. Илија“ и другите манастири и цркви во нејзина близина;

– Изградбата на локален пат – обиколница во должина од 905,66 м, кој ќе ги поврзува сите патни правци со планината Плачковица во Општина Радовиш.

Со цел поддршка и развој на различни видови на туризам во регионот и тоа рурален, езерски, културен, планински и верски туризам, проектот ќе опфати поставување на урбана опрема и инфраструктурни активности во шест општини во Југоисточниот регион и тоа: Босилово, Валандово, Василево, Дојран, Ново Село и Радовиш.

Партнери

Центар за развој на Југоисточниот плански регион – носител на проектот, Општина Босилово, Општина Валандово, Општина Василево, Општина Дојран, Општина Ново Село и Општина Радовиш

Вкупен буџет

35.153.979,00 денари

Финансиран од

Биро за регионален развој, Општина Босилово, Општина Валандово, Општина Дојран, Општина Ново Село и Општина Радовиш

Резултати

– Зголемен број на странски туристи и популаризација на Дојран како дигитална туристичка дестинација;

– Зголемен број на посетители со акцент на лицата со посебни потреби и развиен рекреативен туризам;

– Зголемена понуда на уредени места во Југоисточниот регион каде граѓаните ќе можат да го минат слободното време;

– Зголемен еконoмски приход.

Времетраење

12 месеци

Веб страна

Во рамките на овој проект планирани се следните активности:

– Изградба на спортско-рекреативна трим патека во должина од 1050 m и поставување на урбана опрема како 15 дрвени клупи, 15 корпи за отпадоци и паркинг на почетокот на трасата во село Босилово, општина Босилово;

Галерија

Споделeте го овој проект

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram