Skip to content

Туристичка патека од природата до културата на планината Плавуш

Краток опис на проектот

Туристичката патека се наоѓа во непосредна близина на градот Валандово на планината Плавуш. Ова место најчесто го посетуваат најмногу локалните жители, многу често и мали групи и индивидуални патници од соседните региони и држави. Постојниот пат локалното население го користи и за активности на отворено, како на пример пешачење и велосипедизам.

Oвој проект не само што ќе влијае на збогатување на туристичката понуда и развојот на туризмот во регионот, туку и врз економски развој во Југоисточниот плански регион. Со самото уредување на оваа место, на локалните жители ќе им се отвори можност да нудат одредени угостителски услуги, сместување за посетителите, организрање на спортски активности и настани за што и истите би можеле да обезбедат финансиски бенефит.

Со изградбата на патеките, проширувањето на патот, одмаралиштата, информативните табли, места со поставување на фитнес опрема, игралиште за деца и поставување на телескоп на кулата, како и паркинг за моторни возила, ќе се овозможи ова место да биде посетено од домашни и странски туристи, а воедно ќе овозможи туристички и економски развој како на општината Валандово, така и на целиот регион.

Цели на проектот:

  • Уредување на патеката на планината Плавуш;
  • Проширување на постоечкиот пат;
  • Реконструкција на одмаралиштата со паркинзи;
  • Адаптација на пешачката и велосипедска патека;
  • Зголемување на туристичката понуда.

Партнери

Центар за развој на Југоисточниот плански регион и Општина Валандово

Вкупен буџет

7.729.120,00 денари

Финансиран од

Биро за регионален развој и Општина Валандово

Резултати

  • Уредена туристичка патека;
  • Подобрени услови за живот;
  • Зголемен број на туристи;
  • Зголемен приход од туризам;
  • Зголемен економски развој во Југоисточниот регион.

Времетраење

10 месеци

Веб страна

Туристичката патека се наоѓа во непосредна близина на градот Валандово на планината Плавуш. Ова место најчесто го посетуваат најмногу локалните жители, многу често и мали групи и индивидуални патници од соседните региони и држави. Постојниот пат локалното население го користи и за активности на отворено, како на пример пешачење и велосипедизам.

 

Галерија

Споделeте го овој проект

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram