Skip to content

Управување со Сливот на река Струмица – фаза на имплементација

Краток опис на проектот

Веќе неколку децении, еколошката состојба на сливот на река Струмица е под закана од загадувањето и порастот на потрошувачката на вода за потребите на земјоделскиот и индустрискиот развој и урбаните центри. Неодржливите земјоделски практики, вклучувајќи ја растечката употреба на вештачките ѓубрива и пестицидите и неефикасните методи на наводнување имаат негативен ефект врз квалитетот и количините на водата.

Потрошувачката на вода од страна на стопанството и населените места, во комбинација со начинот на управување со водите, ги зголемува флуктуациите на водните нивоа, покачувајќи го притоа ризикот од поплави и суши.

Овие акумулирани притисоци ја зголемија ранливоста на екосистемот кон климатските промени, кои, од своја страна, влијаат на зголемувањето на температурите и екстремните метеоролошки појави. Ова зголемување на варијабилноста на водните ресурси претставува дополнителна закана за социо – економската состојба на населението, кое во голема мера е зависно од земјоделското производство.

Имплементацијата на овој проект ќе овозможи ублажување на заканите и зајакнување на отпорноста на сливот кон климатските промени.

Цели на проектот:

  • Ефикасно управување со водите преку воспоставување на нов механизам за балансирање на интересите околу управувањето со водите и оптимизирање на придобивките за локалната економија и животната средина;
  • Намалување на ризикот од поплави преку воспоставување на систем за навремено предупредување;
  • Воспоставување на одржливи земјоделски практики преку организирање на обуки, доделување на грантови како и директна поддршка во воведувањето на одржливи земјоделски практики;
  • Воспоставување контрола на загадувањето преку демонстрирање на децентрализирани пристапи за третман на комуналните отпадни води, како ефикасни и исплатливи решенија со потенцијал за нивна поширока промена во регионот.

Партнери

УНДП, Министерство за животна средина и просторно планирање, Центар за развој на Југоисточниот плански регион, Општините од Струмичкиот слив

Вкупен буџет

4.700.000,00 CHF

Финансиран од

Швајцарска Агенција за развој и соработка

Резултати

  • Значително намалување на притисоците и подобрување на еколошката состојба;
  • Подобрување на хидролошкиот режим – подобра заштита од поплави и суши;
  • Придобивки за локалното население и главните сектори (земјоделство, здравствена заштита, водоснабдување);
  • Национален/регионален модел за интегрирано управување со водни ресурси;
  • Прекугранични ефекти;
  • Јакнење на одржливи капацитети.

Времетраење

6 години

Веб страна

Веќе неколку децении, еколошката состојба на сливот на река Струмица е под закана од загадувањето и порастот на потрошувачката на вода за потребите на земјоделскиот и индустрискиот развој и урбаните центри. Неодржливите земјоделски практики, вклучувајќи ја растечката употреба на вештачките ѓубрива и пестицидите и неефикасните методи на наводнување имаат негативен ефект врз квалитетот и количините на водата.

Галерија

Споделeте го овој проект

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram