Skip to content

Уредување на дел од индустриски зони во ЈИПР, услов за зголемен економски развој

Состојба на проект

Реализирани проекти

Датум на отпочнување

декември 19, 2019

Датум на реализација

октомври 30, 2020

ТИП НА ФИНАНСИРАЊЕ

Национални фондови

БУЏЕТ (ДЕНАРИ)

5513885

Југоисточниот плански регион е со најдинамичен раст во Р. С. Македонија воден од малите бизниси коишто доминираат со учество во производството и во вработувањата, поради тоа за одржување на ваквиот динамичен раст, се јавува потреба од соодветна инфраструктурна поврзаност на индустирските зони, како места каде ќе бидат лоцирани голем број од економските потенцијали на регионот.

Добро развиените индустриски зони се еден од најважните предуслови за развој на регионот. Овие зони потребно е да имаат добро уредена инфраструктура и сигнализација со цел да се зголеми привлечноста на зоната пред потенцијалните домашни и странски инвеститори. Според тоа, потребен е повеќе регионален пристап што значи дека регионот мора да превземе мерки за уредување на индустриските зони и да прави здружени напори во развојот и промоцијата за зголемен економски развој.

Уредувањето на улица 9 во индустриската зона Градашорци има регионално значење и е од голема важност и корист на граѓаните од регионот, ги поврзува населените места и им го олеснува и подобрува секојдневниот живот, работата, пристапот до моменталните фирми коишто се наоѓаат таму, до земјоделските површини и ќе овозможи проширување на индустриската зона. Уредувањето на улица 9 во Индустриска зона Градашорци е од големо значење за општините Василево, Босилово и Струмица кои најмногу гравитираат во овој дел од регионот и го користат овој локален патен правец.

Постојат голем број фактори од кои зависи нивото на развој на еден регион, но секако еден од основните е постоењето соодветни услови за развој на економски капацитети. Со вакви проекти во Југоисточен регион се јакне потребата од изградба на систем кој ќе обезбеди подобар стандард за живеење на граѓаните и е услов за зголемен економски развој преку рационално искористување на ресурсите и создавање можности за развој на индустриски зони.

Цели на проектот:

  • Уредување на индустриска зона Градашорци;
  • Проширување на постоечкиот пат;
  • Уредување на дел од патниот правец;
  • Поврзување и овозможување полесен пристап до компаниите на улица 9;
  • Зголемување на економскиот развој.

Резултати од проектот:

  • Уредена улица 9, дел од индустриска зона КО Градашорци која започнува од 0+000 до 0+231,5 и истата е во должина од 231,5 метри;
  • Уредена индустриска зона во Југоисточниот плански регион;
  • Подобрени услови за живот;
  • Олеснет пристап до компаниите;
  • Зголемен економски развој во Југоисточниот регион.

Галерија

Парнерски општини: Општина Василево, Општина Босилово, Општина Струмица
Документација 

Споделeте го овој проект

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram