Дојранското Езеро претставува едно од најважните и најубавите туристички дестинации во Југоисточниот плански регион, па затоа треба да се негува и во него континуирано да се инвестира заради целосно искористување на неговите потенцијали.
Вложувањето во развој на нови туристички атракции, во овој случај „Уредување на излетничко место на Дојранското Езеро во с. Николиќ“, ќе има позитивно влијание врз развојот на туризмот во целиот регион, а тоа ќе придонесе и кон зголемување на економскиот развој.
Моменталната состојба на оваа локација, која што има огромен потенцијал за развој на туризмот, е таква што истата е запуштена и не се одржува воопшто, а исто така поради недоволната грижа континуирано се уништува и природната околина.
Со овој проект, сликата за оваа локација комплетно ќе се промени, така што покрај езерото ќе се искористи просторот и ќе се уреди излетничкото место.
Покрај сето ова, овој проект нема да има само влијание врз туристичката понуда и развојот на туризмот, туку и врз целосниот економски развој во Југоисточниот плански регион.
*Цели на проектот
- Уредување на излетничкото место во с. Николиќ во општина Дојран, ќе овозможи збогатување на туристичката мапа на Југоисточниот плански регион со уште едно место за привлекување на посетители,
домашни и странски туристи со престој во оваа населено место; - Заживување на с. Николиќ, како туристичко место на крајбрежјето на Дојранското Езеро во општина Дојран, со што на локалното население ќе им овозможи обезбедување на дополнителни приходи преку издавање на сместувачки капацитети и нудење на добра угостителска услуга.
*Резултати од проектот
- Изградена и квалитетно уредена јавна површина- излетничко место;
- Развојот на туризмот во регионот;
- Поттикнување на економски развој.