Skip to content

Хортикултурно и партерно уредување на дел од езерското крајбрежје и формирање на езерска плажа во Дојран

Состојба на проект

Реализирани проекти

Датум на отпочнување

април 24, 2019

Датум на реализација

март 13, 2020

ТИП НА ФИНАНСИРАЊЕ

Национални фондови

БУЏЕТ (ДЕНАРИ)

4106236

Кога ќе се спомне Дојран се мисли на прекрасен езерски пејсаж со мали уредени плажи богати со уникатната лековита кал која е позната и вон границите на државата. Меѓутоа дел од плажите поради природни непогоди и други влијанија се запуштени, обраснати со трска и не се во состојба да се користат. Затоа е потребно да се преземаат мерки истите да се расчистат и уредат со цел да може да се искористи целокупниот потенцијал што го нуди Дојранското Езеро.

Уредувањето на просторот опфатен со овој проект се протега од север кон југ од одмаралиштето “Вила Тиквеш” на Елем Турс до плажата “Фук Так” во Сретеново-Стар Дојран, општина Дојран во вкупна должина од 350 метри, а во близина на плажата се наоѓа туристичка населба Мрдаја која е погодна за изградба на туристички објекти, продавници и други објекти.

Целта на овој проект е да се овозможат услови за уредување на деловите од крајбрежјето каде што беше изградена пешачка патека, а поради покачениот водостој на езерото беше поплавена и уништена од езерските бранови. Ваквите површини треба да се исчистат од остатоците на патеката и потпорниот ѕид према езерото на кој што се потпира насипот од трасата со цел да се створат услови за користење на таквите делови од крајбрежјето за езерски плажи во текот на летните сезони.

Овој проект нема да има само влијание врз туристичката понуда и развојот на туризмот, туку и врз целосниот економски развој во Југоисточниот плански регион. Со самото уредување и формирање на оваа плажа, на локалните жители ќе им се отвори можност да нудат одредени угостителски услуги, сместување и традиционална храна, од кои ќе имаат зголемен бенефит за разлика од минатите години.

Цели на проектот:

  • Уредување на дел од езерското крајбрежје и формирање на езерска плажа во Дојран;
  • Подобрување на условите за живот, особено на граѓаните кои директно или индиректно се вклучени во туризмот;
  • Зголемување на бројот на домашни и странски туристи;
  • Зголемување на приходот од туризам;
  • Зголемување на економски развој во Југоисточниот регион.

Резултати од проектот:

  • Уредена плажа во должина од 350 метри во о. Дојран;
  • Подобрени услови за живот;
  • Зголемен број на туристи;
  • Зголемен приход од туризам;
  • Зголемен економски развој во Југоисточниот регион.

Галерија

Парнерски општини: Општина Дојран
Документација 

Споделeте го овој проект

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram