Skip to content

Југоисточниот регион – можност за нови туристички авантури!

Краток опис на проектот

Преку овој проект е предвидено збогатување на туристичките содржини и подобрување на туристичката патна инфраструктура во регионот во кои ќе можат да уживаат туристите преку целата година.

Преку изградба на локален пат со должина од 280 м во с. Дукатино во Општина Василево ќе се овозможи лесен пристап до прекрасниот манастир „Свети Ѓорги“ кој е опкружени со природни убавини и ќе стане привлечно место за посета не само од страна на локалното население, туку и на голем број туристи кои посетувајќи ги другите манастири во Југоисточниот регион ќе го посетат и манастирот во с. Дукатино. Со изградбата на современа патна инфраструктура ќе се зголеми бројот на туристи, а исто така ќе се овозможи и развој на други видови туризам.

Во Општина Ново Село на туристичкиот локалитет Смоларски водопад ќе се изврши реконструкцијата и поплочување на постоечките патеки, обновување на старата и поставување на нова ограда на местата каде истата не е поставена,  поставување на 1 нов дрвен мост, поставување на 5 метални конструкции за паркинг на велосипеди, поставување на 2 сообраќајни знаци, 4 информативни табли, 20 корпи за отпадоци и 15 монтажни клупи на овој туристички локалитет ќе му дадат нов урбан дух на оваа место.

Дополнително на излетничкото место Пирго ќе се изврши реконструкција на постоечките и поставување на 2 нови летниковци, одбележување на паркинг место, поставување на 5 детски реквизити на детско игралиште, изградба на 1 одбојкарско игралиште, 1 традиционална фурна, 15 корпи за отпадоци, 3 информативни табли, 5 паркинг конструкции за велосипеди и 1 сообраќаен знак, како и реконструкција и доградба на амфитеатарот каде туристите и локалното население ќе можат да добијат прекрасно место каде активно ќе го поминат слободното време опкружени со исконската убавина на планината Беласица.

Главната цел на проектот е развој на нови туристички атракции, со цел привлекување поголем број туристи и посетители, со што директно ќе се влијае на збогатување на туристичката понуда, развојот на туризмот во регионот, а индиректно на целиот економски развој.

Партнери

Центар за развој на Југоисточниот плански регион – носител на проектот, Општина Василево и Општина Ново Село

Вкупен буџет

10.175.088,00 денари

Финансиран од

Биро за регионален развој и Општина Ново Село

Резултати

  • Инфраструктурен развој
  • Зголемен економски приход од странски и домашни туристи
  • Рационална искористеност на локалната патна инфраструктура
  • Привлекување на активната популација кон ревитализација и поттикнување на алтернативниот и руралниот туризам, како и поврзаноста со локалитети со богато историско и културно наследство

Времетраење

9 месеци

Веб страна

Преку овој проект е предвидено збогатување на туристичките содржини и подобрување на туристичката патна инфраструктура во регионот во кои ќе можат да уживаат туристите преку целата година.

Галерија

Споделeте го овој проект

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram