Проектот се фокусира на унапредување на образовниот процес во основните училишта во руралните општини од Југоисточниот плански регион преку воведување на современи дигитални технологии. Целта е модернизација на наставниот процес, создавање интерактивна и подинамична едукативна средина и зголемување на ангажираноста на учениците.
Наставата во руралните училишта често се одвива со традиционални методи, што го ограничува користењето на иновативни пристапи и дигитални содржини. Со поставување на интерактивни смарт табли се овозможува визуелно, мултимедијално и интерактивно учење, при што учениците активно учествуваат во наставниот процес, а наставниците добиваат современа алатка за подобра организација и презентација на материјалите.
Во рамките на проектот е предвидено поставување на вкупно 23 интерактивни табли во четири основни училишта во руралните општини од регионот:
-
Општина Василево – 7 табли во ООУ „Гоце Делчев“ – с. Василево
-
Општина Богданци – 4 табли во ООУ „Кирил и Методиј“ – с. Стојаково
-
Општина Босилово – 7 табли во ООУ „Кирил и Методиј“ – с. Иловица, ООУ „Гоце Делчев“ – с. Босилово и ООУ „Борис Трајковски“ – с. Моноспитово
-
Општина Ново Село – 5 табли во ООУ „Мануш Турновски“ – с. Ново Село
Со оваа иницијатива се создаваат услови за современо, инклузивно и ученик-ориентирано образование во согласност со европските стандарди за дигитализација во наставата.