Проектот има за цел подобрување на патната инфраструктура и зголемување на поврзаноста меѓу руралните населби во општините Василево, Босилово и Ново Село. Со реализацијата се овозможува побезбеден и поефикасен сообраќај, полесен пристап до јавни, здравствени и образовни институции, како и подобрени услови за секојдневно функционирање на жителите.
Во рамките на проектот се опфатени реконструкција на улица во населеното место Пиперево, општина Василево, во должина од 420 метри, како и изградба на нови улици со вкупна должина од 682,39 метри во населените места Босилово, Бориево и Петралинци.
Проектот овозможува подобрена пристапност до земјоделските површини, полесен транспорт на производи и зајакнување на економската активност во регионот. Со модернизацијата на патната инфраструктура се создаваат услови за развој на руралниот и еко-туризмот и се унапредува квалитетот на живот на населението.