Skip to content

Социјални иновации за можности за работа и развој во рударските области во транзиција низ Европа

Краток опис на проектот

Проектот “SIJMA” има за цел да создаде можности за вработување и економски развој во рударските области, како што се Конче и Радовиш, преку поттикнување на социјални иновации, претприемништво и креативност кај младите. Со активностите на проектот, овие области ќе бидат заживеани, а истовремено ќе се создадат одржливи работни места и нови можности за економски напредок.
Главниот фокус на проектот е организирање на работилници, обуки и размена на добри практики со кои ќе се создадат услови за преквалификација и унапредување на вештините на младите луѓе, како и на невработените лица. Овие активности ќе им овозможат на учесниците да стекнат нови компетенции, со што ќе ја зголемат нивната конкурентност на пазарот на трудот и ќе ги поттикнат да развијат сопствени бизнис идеи.

Клучни цели на SIJMA:

  • Зајакнување на социјалната иновација како двигател за вработување и претприемништво
  • Подобрување на регионалните политики за одржлив развој и социјална економија
  • Поддршка на експериментални платформи за решенија на локално ниво
  • Поттикнување соработка меѓу јавниот и приватниот сектор
  • Размена на добри практики меѓу региони
  • Менторски програми и градење капацитети за млади и социјални претприемачи
  • Вклучување на заедниците во процесите на одлучување

Улогата на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во проектот:

  • Иницијативи за интегрирање на социјалната иновација во регионалните развојни политики
  • Организација на тематски работилници и студиски посети
  • Развивање нови политики за социјално претприемништво и учество на граѓаните
  • Ширење на резултатите до засегнатите страни, бизнис секторот и носителите на одлуки

 

Партнери

Генерален директорат за вработување и трудови прашања на Владата на Кнежевството Астуријас, Овиедо, Шпанија; Сивес Мунди, Шпанија; Институт за самотранзиција, Грција; Регион Ауфбауверк Лајпциг, Германија; Центар за развој на Југоисточниот плански регион, Струмица, С. Македонија; Центар за социјални иновации Блинк 42-21, Скопје, С. Македонија; Централно трансдунавска регионална агенција за иновации (KDRIÜ), Унгарија

Вкупен буџет

1.425.915 евра

Финансиран од

Интеррег Европа Програмата

Резултати

  • Нови проекти финансирани преку подобрените политички инструменти.

  • Зголемена вработливост на млади луѓе во рударски области во транзиција.

  • Создадена мрежа на засегнати страни (јавен, приватен и граѓански сектор) кои ќе продолжат да соработуваат и по завршувањето на проектот.

  • Информирани и вклучени носители на одлуки преку регионални и интеррегионални средби, комуникациски материјали и медиумска кампања.

Времетраење

4 години

Веб страна

Проектот “SIJMA” има за цел да создаде можности за вработување и економски развој во рударските области, како што се Конче и Радовиш, преку поттикнување на социјални иновации, претприемништво и креативност кај младите. Со активностите на проектот, овие области ќе бидат заживеани, а истовремено ќе се создадат одржливи работни места и нови можности за економски напредок.

 

Галерија

Споделeте го овој проект

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram