Станете дел од прекуграничната мрежа за превенција и одговор на природни и еколошки опасности

На завршната конференција одржана од Асоцијацијата на југозападни општини за проектот „Прекугранична соработка во справување со шумски пожари“, имплементиран со поддршка на програмата за соработка Interreg IPА CBC Бугарија – С. Македонија 2014-2020 година, беше потпишан МЕМОРАНДУМ за создавање на прекугранична партнерска мрежа за координација и соодветен одговор на природните и еколошките опасности, со посебен акцент и фокус на шумските пожари.

Мрежата обединува заедница на институции, организации, експерти и индивидуалци од  Република С.Македонија и Република Бугарија кои работат на полето на превенција, подготвеност и брз одговор при природни катастрофи и пожари.

Членовите на мрежата ќе работат на остварување на следните цели:

  • Примање и споделување на информации поврзани со природни катастрофи и пожари
  • Размена на искуство, добри практики и знаење
  • Заедничка обука помеѓу членовите
  • Помош и поддршка при управување со природни катастрофи и пожари
  • Поддршка во опрема (донација и користење)
  • Обезбедување на поддршка и помош за развој на волонтерските друштва
  • Едукација на младите
  • Подигнување на јавната свест кај населението
  • Спроведување на заеднички кампањи и вежби
  • Поддршка во комуникација со регионалните и националните служби за заштита, спасување и управување со кризи
  • Заедничка апликација и реализација на проекти кои се однесуваат на иновации, подобрувања, обуки и други позитивни ефекти во заедничката кауза.

За да станете член на оваа мрежа, потребно е да пополните ПРИСТАПНИЦА за членство и истата да ја испратите на cbc.forest.fire@gmail.com.

Со пополнување и потпишување на пристапницата членовите ги прифаќат начелата и принципите утврдени во Меморандумот за соработка и сакат да учествуват во сите активности на мрежата.

Меморандумот и Пристапницата за пополнување се достапни на следните линкови:

Меморандум за соработка

Пристапница (физички лица)

Пристапница (правни лица)