ЦРЈИПР ОРГАНИЗИРАШЕ РАБОТИЛНИЦА НА ТЕМА „РАЗВОЈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ УСЛУГИ ВО ПЛАНСКИТЕ РЕГИОНИ“

На 5-ти ноември 2024 година, во хотел „Сириус“, беше одржана работилница на тема „Развој на социјални услуги во планските региони“, организирана од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, во рамките на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој – фаза 2“.

На настанот учествуваа претставници од сите десет општини од Југоисточниот регион, активни во областа на социјалната заштита, како и директорите на Центрите за социјална работа, претставници на Црвениот крст и невладини организации.

 

Во своето обраќање, Г-н Ристо Манчев, Претседател на Советот за социјална заштита на Југоисточниот регион, ја истакна важноста на развојот на мрежа на социјални услуги што ќе ги задоволат потребите на граѓаните и ќе поттикнат инклузивен и одржлив развој. „Важно е да ги препознаеме специфичните потреби на различни групи – од деца и младинци, преку лица со попреченост, до постарите генерации,“ додаде тој.

Учесниците дадоа активен придонес преку работа во групи и решавање на практични задачи, создавајќи продуктивна работна атмосфера.