На XXIII Седница на Совет на ЈИПР утврдена годишната листа на приоритетни проекти за 2021 година

На 15.12.2020 година со цел да се запазат мерките за заштита од настаната светска пандемија Ковид-19, онлајн преку електронската платформа ЗООМ се одржа XXIII (дваесет и третата) Седница на Советот за развој на Југоисточниот плански регион.

Пред присутните градоначалници oд страна на форумскиот модератор и надворешен консултант-експерт ангажирани преку проектот „Одржлив инклузивен рамномерен регионален развој“ презентирани беа процесот на рангирањето на предлог проектите од регионално и микрорегионално значење за Југоисточниот плански регион од страна на граѓаните од регионот, а воедно беше презентирана и аналитичка студија за економска исплатливост на капиталните инвестиции поединечно на секој предлог проект.

По краткиот осврт на секој од предлог проектите за време на Седницата, Советот ја усвои Годишната листа на приоритетни проекти за 2021 година согласно следниот редослед:

  1. Збогатување на туристичката понуда во Југоисточниот плански регион
  2. Изградба на пристапен пат до регионалниот стационар за бездомни кучиња
  3. Изградба на Локален пат на релација с.Погулево – с.Дамјан

На резервна листа беше утврден предлог проектот – Имплементација на трета фаза од проектот Изградба на локален пат за поврзување на населените места Бориево и Колешино.

Приоритетната листа се однесува за изведба на проекти кои ќе ја збогатат туристичката понуда во регионот, ќе ја подобрат патната инфраструктура и ќе се овозможи поврзување на локални патишта во регионот преку средства од Бирото за рамномерен регионален развој и сопствено учество на општините од Југоисточниот регион.

Согласно утврдената листа, Центарот за развој на Југоисточниот плански регион ќе аплицира до Бирото за регионален развој за нивно финансирање преку Програмата за рамномерен регионален развој за 2021 година.

Оваа година по прв пат предлог проектите пред да бидат усвоени од Советот за развој на ЈИПР инклузивно и со партиципативно учество беа бодувани и приоретизирани од страна на граѓаните од Југоисточниот плански регион преку Форумски сесии во заедницата како нов начин за избирање проекти за Бирото за регионален разво, коишто форуми поради пандемијата Ковид-19 се одвиваа преку пополнување на прашалник од засегнатите страни од Југоисточниот плански регион.

 

Втора форумска сесија во рамките на Регионалните форуми на заедницата за 2020 година

Како дел од втората форумска сесија, се спроведе пополнување на е-прашалник со цел приоретизирање на концепти за предлог проекти како предлог решенија произлезени од учесниците на првата форуска сесија, а развиени од страна на експерти во соработка со Центарот за развој на ЈИПР.

Прашалниците беа пополнети од вкупно 62 учесника, претставници од општините, јавна администрација од регионот, бизнис сектор, пензионери, невработени лица и др., од кои 26 (41,9 %) се жени, а 36 (58,1%) се мажи.

По направените анализи и сумираните податоци, концептите за предлог проекти беа рангирани по следниот редослед:

  1. Збогатување на туристичката понуда во Југоисточниот плански регион
  2. Изградба на пристапен пат до регионалниот стационар за бездомни кучиња
  3. Изградба на Локален пат на релација с.Погулево – с.Дамјан
  4. Изградба на Локален пат на релација Колешино – Бориево (трета фаза)
  5. Изградба на Локален патен правец Л603 за поврзување на патниот правец – Стојаково – Ѓавато со крстосницата со регионалниот пат Р1109

Во рамките на Втората форумска сесија на 15.12.2020 година беше одржана и онлајн презентација на резултатите од гласањето како и од аналитичката студија на петте предлог концепти, каде што беа дадени и препораки за нивно подобрување.

Понатаму овие резултати ќе бидат претставени и пред Советот за развој на Југоисточниот регион кој ќе ги земе во предвид при утврдување на конечната листа на приоритени проекти.

Јавниот повик за поднесување на кредитно барање од Фондот за микро и мали претпријатија

Почитувани,

Јавниот повик за поднесување на кредитно барање од Фондот за микро и мали претпријатија за директна поддршка на микро и мали трговски друштва, трговци поединци и занаетчии кои плаќаат данок на реален приход и се регистрирани во Република Северна Македонија односно КОВИД 3 повикот,  ќе биде објавен на 16.12.2020 година, аплицирањето започнува од 00:01 часот.

 

 

Критериумот за распределба на средствата е по принципот ,,ПРВ ДОЈДЕН, ПРВ УСЛУЖЕН” за кредитокорисници кои ги исполнуваат критериумите за одобрување на кредит.

Јавниот повик е објавен на следниов линк: https://www.mbdp.com.mk/mk/vesti/687-1-7.

За дополнителни информации обратете се кај Данче Поп-Иванова Илиева, тел. 071/364-934, е-маил: dance.popivanova@gmail.com, контакт лице од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион.

Претседател на Совет за развој на ЈИПР

Г-н Коста Јаневски

Одржана дваесет и втората (XXII) Седница на Советот за развој на Југоисточниот плански регион

На 07.12.2020 година, се одржа дваесет и втората (XXII) Седница на Советот за развој на Југоисточниот плански регион, он-лајн преку виртуелната платформа Zoom, поради настанатата вонредна состојба на светско ниво COVID 19.

На Седницата присуствуваа Градоначалниците од општините во состав на Југоисточниот плански регион, како и експертот Г-н Тихомир Петрески задолжен за изработка на студија на исплатливост за секој од избраните концепт решенија.

Клучна точка на оваа Седница на Советот за развој на Југоисточниот плански регион беше презентација на предложените концепт решенија, четврти чекор од концептот за регионални форуми на заедницата, алатка за идентификација, приоретизирање и подготовка на проекти за финансирање од Програмата за рамномерен регионален развој за 2021 година, преку Министерство за локална самоуправа и Бирото за регионален развој.

Предложените концепт решенија беа претходно идентификувани, врз основа на избраните приоритетни области и подобласти од спроведената прва форумска сесија, што беше спроведена преку он-лајн прашалник. Понатаму со ангажираниот надворешен експерт, Тихомир Петрески, беа спроведени неколку состаноци со градоначалниците и претставници од општините од Југоисточниот регион врз основа на кои беа идентификувани пет концепт решенија како одговор на идентификуваните проблеми и тоа:

Концепт 1 – Збогатување на туристичката понуда во Југоисточниот плански регион.
Концепт 2 – Изградба на Локален пат на релација Колешино – Бориево (трета фаза).
Концепт 3 – Изградба на Локален пат на релација с.Погулево – с.Дамјан.
Концепт 4 – Изградба на пристапен пат до регионалниот стационар за бездомни кучиња.
Концепт 5 – Изградба на Локален патен правец Л603 за поврзување на патниот правец – Стојаково – Ѓавато со крстосницата со регионалниот пат Р1109.

Советот за развој на Југоисточниот плански регион одлучи сите пет да преминат во следната фаза т.е во фазата на приоритизација која ќе се спроведе по пат на електронски прашалник, како втора форумска сесија преку која населението од регионот ќе има можност да дава забелешки и препораки за нивно подобрување, за на крај Советот за развој на Југоисточниот плански регион ја утврди годишната приоритетна листа на предлог-проекти за финансирање од Програмата за рамномерен регионален развој за 2021 година.

Целиот процес на идентификација на предлог-проектите за финансирање преку Програмата за рамномерен регионален развој за 2021 година се спроведува во рамки на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“, проект на Швајцарската агенција за развој и Министерството за локална самоуправа.

Програмата за развој на Југоисточниот плански регион за наредниот четиригодишен период 2020- 2024 е во крајна фаза на изработка

На ден 02.12.2020 виртуелно на онлајн платформата ЗООМ се одржа Финална Конференција на којашто беше претставена работната нацрт верзија на Програмата за развој на Југоисточниот плански регион 2020-2024. Учество на оваа конференција зедоа Градоначалниците – членови на Советот за развој на Југоисточниот плански регион, претставници на Министерство за локална самоуправа и засегнати страни од Југоисточниот регион (претставници на општини, јавни институции, приватен и граѓански сектор).

 

Финалната Конференција со воведно обраќање ја отворија Г-н Коста Јаневски, Претстедател на Советот за развој на Југоисточниот плански регион и Г-а Жулиета Ѓуркова, раководител на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион.

Г-а Ѓуркова во поздравниот говор истакна дека Програмата за развој на ЈИПР претставува еден од најзначајните документи не само за Центарот туку и за сите општини, граѓански организации како и бизнис секторот во регионот и појасни дека истата ќе биде целосно усогласена со Националната Стратегија за регионален развој, а ќе биде усвоена од страна на Советот на ЈИПР по претходна сосгласност од Советот за рамномерен регионален развој на РСМ.

Од страна на експертскиот тим беше презентирана нацрт верзијата на Програмата за развој на Југоисточниот плански регион 2020-2024, целиот процес на изработка на Програмата, вклученоста и придонесот на засегнатите страни, продуктивноста и работата на изминатите работилници за изработка на Програмата, како и активностите кои се реализираа меѓу сесиите.

Конференцијата заврши со плодна дикусија каде градочалниците од регионот и сите засегнати страни имаа можност за искажување забелешки, сугестии, коментари и пофалби во однос на презентираниот среднорочен документ на Југоисточниот плански регион.

„Програмата за развој на ЈИПР е доста опсежно и темелно направена и во иднина со сите релевантни фактори и засегнати страни ќе се бориме предложените стратешки цели да добијат едно поголемо значење со надеж дека Југоисточниот плански регион ќе добие поголем процент во распределбата на средства за регионите. Сметам дека пред нас има уште многу предизвици, особено во делот на инфраструктура и се надевам дека сите заедно ќе успееме дел од тие предизвици да ги оствариме во наредниот период.“ – истакна на крај Г-н Коста Јаневски Претседател на Советот за развој на Југоисточниот плански регион

 

Процесот на изготвување на Програмата за развој на Југоисточниот плански регион е поддржан преку проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“, кој се спроведува со финансиска поддршка од Министерството за локална самоуправа и Швајцарската Агенција за развој и соработка во Р.С. Македонија.