Се продолжува рокот за поднесување на документи за конкурсот за ангажирање на еден проектен координатор за потребите на проектот „Прекугранична соработка во справување со шумски пожари“ финансиран од Европската Унија преку Интеррег ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија 2014-2020.
Заинтересираните кандидати за горенаведената работна позиција својот интерес можат да го најават со доставување на кратка биографија (CV), мотивационо писмо на англиски јазик, копија од Диплома за завршено образование, како и дополнителни документи за докажување на критериумите од конкурсот, со назнака „По конкурс за проект Прекугранична соработка во справување со шумски пожари“, најдоцна до 05.03.2021 година (петок), до 16.00 часот, во просториите на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, Бул. „Маршал Тито” бр. 1-1, 2400 Струмица.
Целосниот текст на конкурсот како и прилозите може да се превземат од следниве линкови:
1. Конкурс по проект „Прекугранична соработка во справување со шумски пожари“
2. Прилог 1 – Работни задачи на проектен координатор
3. Прилог 2 – Europass CV
4. Прилог 3 – Прирачник за имплементација на проекти