Одржана дваесет и осмата седница (XXVIII) на Советот за развој на Југоисточниот плански регион

На 23.06.2021 година (среда) се одржа дваесeт и осмата (XXVIII) Седница на Советот за развој на Југоисточниот плански регион.

На седницата беше донесена Одлука за преотстапување на мост по проектот „Изградба на мост на река Турија на локален пат с. Просениково – с. Сарај“ финансиран од ПРРР за 2020 година, кој проект беше завршен во Март 2021 година, а општина Струмица учествуваше со кофинансирање на истиот.

Исто така беше донесена и Одлука за усвојување на Стратегијата за Биолошка разновидност и Акционен План за Југоисточен плански регион, реализирани во рамки на Проектот „Заеднички стратегии за заштита на биолошката разновидност и одржлив развој на билатералната мрежа на заштитени подрачја – COMBINE2PROTECT“, преку ИНТЕРЕГ ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Грција и Република Северна Македонија, а имплементиран од страна на Центарот заедно со Универзитет “Аристотел” во Солун – Посебна единица за истражувачки фондови – Оддел за биологија, Грција, Државен инспекторат за животна средина, Р.С.Македонија, Регион на Западна Македонија, Грција. Донесувањето на оваа Одлука беше причина и  за покренување на иницијатива за заштита на планината Беласица заедно со Моноспитското блато.

Советот за развој на Југоисточниот плански регион поради измени на Законот за Рамномерен Регионален Развој, имаше законска обврска да изврши измени и дополнување на Деловодникот на Советот, па од тие причини ја донесе и усвои Одлуката за усвојување на Деловник за работа на Советот за развој на Југоисточниот плански регион.

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион избран за Регионална канцеларија за социјално претприемништво

Во рамките на проектот „Поддршка на социјалното претприемништво“ Центарот за развој на Југоисточниот плански регион е избран за Регионална канцеларија за социјално претприемништво. Социјалното претприемништво во Северна Македонија е во почетен стадиум на развој, но постоечките социјални претпријатија покажуваат дека има потенцијал за раст и развој на овој концепт и кај нас. Токму од тие причини во наредниот период е предвидено и донесување на посебна законска рамка за социјално претприемништво.

Што е социјално претприемништво?

Социјалното претриемништво е спроведување на eкономски активности под одредени услови на работење и вработување на воглавно марганализирани групи на лица. Социјалното претпријатие е нов модел на бизнис со социјална цел кој сеуште не е (доволно) третиран во македонската економија, но се практикува низ целиот свет. Социјалните претпријатија делуваат во две насоки:

  • Обезбедуваат добра и услуги за маргинализираните и неразвиените заедници;
  • Вработуваат лица од ранливи групи граѓани.

Токму затоа ни причинува посебна чест што ние како Регионална канцеларија за социјално претприемништво ќе бидеме пионери кои ќе учествуваат во развојот на социјалните претпријатија во Југоисточниот регион нудејќи квалитетна техничка поддршка, како и професионална поддршка за нивниот развој, со цел да се овозможи вработување на ранливи категории на лица. Од сега па натаму ќе биде наш приоритет социјалните претприемачи да бидат навремено информирани за конкретната финансиска и техничка поддршка што може да ја искористат.

Да го направиме светот подобро место за живеење!

Продолжен рокот за поднесување на документи за конкурсот за ангажирање на проектен асистент

Се продолжува рокот за поднесување на документи на конкурсот за ангажирање на еден проектен асистент во Регионална канцеларија за поддршка на социјалното претприемништво во Југоисточниот плански регион која функционира во рамките на проектот „Поддршка на социјалното претприемништво“ финансиран од Европската Унија.

Заинтересираните кандидати својот интерес можат да го најават со доставување на кратка биографија (CV), мотивационо писмо на англиски јазик, како и дополнителни документи за докажување на наведените критериуми, со назнака „по конкурс за проектен асистент“, најдоцна до 25.06.2021 година (петок), до 12.00 часот, во просториите на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, Бул. „Маршал Тито” бр. 1-1, 2400 Струмица.     

Целосниот текст на конкурсот како и прилозите може да се превземат од следниве линкови:

  1. Конкурс за проектен асистент во Регионална канцеларија за поддршка на социјалното претприемништво во Југоисточниот плански регион
  2. Прилог 1 – Работни задачи на проектен асистент
  3. Прилог 2 – Europass CV

Конкурс за ангажирање на 1 (еден) Проектен Асистент

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион објавува конкурс за ангажирање на еден проектен асистент во Регионална канцеларија за поддршка на социјалното претприемништво во Југоисточниот плански регион која функционира во рамките на проектот „Поддршка на социјалното претприемништво“ финансиран од Европската Унија.

Заинтересираните кандидати својот интерес можат да го најават со доставување на кратка биографија (CV), мотивационо писмо на англиски јазик, како и дополнителни документи за докажување на наведените критериуми, со назнака „по конкурс за проектен асистент“, најдоцна до 21.06.2021 година (понеделник), до 12.00 часот, во просториите на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, Бул. „Маршал Тито бр. 1-1, 2400 Струмица.     

Целосниот текст на конкурсот како и прилозите може да се превземат од следниве линкови:

  1. Конкурс за проектен асистент во Регионална канцеларија за поддршка на социјалното претприемништво во Југоисточниот плански регион
  2. Прилог 1 – Работни задачи на проектен асистент
  3. Прилог 2 – Europass CV

Прво прскање против возрасни комарци по земјен пат во општините во Југоисточниот плански регион

Се известуваат сите граѓани на десетте општини во Југоисточниот плански регион, дека првото прскање против возрасни комарци ќе се изврши во период од 14 до 16 Јуни 2021 година, со следниот распоред:

  1. На 14.06.2021 година (Понеделник), во период од 20 до 04 часот во општините Радовиш и Конче.
  2. На 15.06.2021 година (Вторник), во период од 20 до 04 часот во општините Ново Село, Босилово, Василево и Струмица.
  3. На 16.06.2021 година (Среда), во период од 20 до 04 часот во општините Гевгелија, Валандово, Дојран и Богданци.

Се известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во најавениот временски период.

Одложено првото прскање против возрасни комарци во општините во Југоисточниот регион

Се известуваат граѓаните од општините во Југоисточниот регион, дека СЕ ОДЛОЖУВА првото прскање против возрасни комарци кое беше предвидено да се изврши на 07,08,09 Јуни 2021 година.

Прскањето се одложува поради неповолни временски услови т.е појава на врнежи во предвидениот период, а за спроведување на планираното прво прскање против возрасни комарци, граѓаните од Југисточниот регион ќе бидат дополнително известени.

Прво прскање против возрасни комарци по земјен пат во општините во Југоисточниот плански регион

Се известуваат сите граѓани на десетте општини во Југоисточниот плански регион, дека првото прскање против возрасни комарци ќе се изврши во период од 7 до 9 Јуни 2021 година, со следниот распоред:

  1. На 07.06.2021 година (Понеделник), во период од 20 до 04 часот во општините Валандово, Дојран, Гевгелија и Богданци.
  2. На 08.06.2021 година (Вторник), во период од 20 до 04 часот во општините Ново Село, Босилово, Василево и Струмица.
  3. На 09.06.2021 година (Среда), во период од 20 до 04 часот во општините Радовиш и Конче.

Се известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во најавениот временски период.