Второ прскање против возрасни комарци во Југоисточниот плански регион

Се известуваат граѓаните од општините во Југоисточниот регион, дека на 10-ти и 11-ти Јули 2024 година, во периодот од 20.00 до полноќ ќе се врши теристична дезинсекција против возрасни комарци и тоа во следниве општини:

  • 10 Јули (Среда) во општините  Конче, Валандово и Дојран;
  • 11 Јули (Четврток) во општините Ново Село, Босилово, Василево и Струмица;

Доколку временските услови се неповолни, дезинсекцијата ќе се изврши кога временските услови ќе бидат подобрени.

Се известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во најавениот временски период.

Одржана XXVII седница на Советот за развој ан ЈИПР

На 01.07.2024 година претседателот на Советот за развој на ЈИПР свика итна седница на која десетте општини од Југоисточниот плански регион се координираа во врска со преземање на мерки за заштита и справување со пожарите во Југоисточниот плански регион. На оваа седница беше донесен заклучок со кој градоначалниците бараа закажување на состанок во најкраток можен рок со Министерот за животна средина, како и други релевантни државни институции со цел решавање на проблемот со депонијата во с.Добрашинци.

Исто така на седницата беше донесена и одлука за согласност за аплицирање и имплементација на проект преку повик за поднесување на предлог проекти за Подготовка на техничка документација за инфраструктурни проектипреку Фондот за техничка документација.

ТРЕТА ЛАРВИЦИДНА ДЕЗИНСЕКЦИЈА ВО ЈУГОИСТОЧНИОТ РЕГИОН

Се известуваат граѓаните од општините во Југоисточниот регион, дека на 03 Јули 2024 година, во периодот од 09.00 до 16.00 часот ќе се врши ларвицидна дезинсекција и тоа во следниве општини:

  • 03 Јули ( Среда) во општините Ново Село, Босилово, Василево, Струмица, Валандово и Дојран;

Доколку временските услови се неповолни, дезинсекцијата ќе се изврши кога временските услови ќе бидат подобрени.

Се известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во најавениот временски период.