Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, заедно со директорот на Бирото за регионален развој, Даут Мемиши, ги посетија локациите на кои што се имплементирани проектни активности во рамките на два проекти финансирани преку Програмата за рамномерен регионален развој, со цел да направат увид во постигнатите резултати.
Во рамките на проектот „Југоисточниот регион – можност за нови туристички авантури“, дел од активностите вклучуваат реконструкција и поставување на нова урбана опрема на Смоларските водопади и излетничкиот локалитет Пирго кај Мокриево, во општина Ново Село преку изградба на нови пешачки патеки, санација на дрвените огради и поставување нов пешачки мост пред водопадите. На Пирго се изградени нови летниковци, проширен е капацитетот на постојниот амфитеатар, поставени се детско катче и ново одбојкарско игралиште на песок.Continue reading