Одржана IV Седница на Советот за социјална заштита на ЈИПР

На закажаната седница на Советот за социјална заштита на Југоисточниот плански регион, која се одржа на 24 декември 2024 година во просториите на Центарот за развој, беше избран нов претседател, Г-н Златко Ристов, градоначалник на општина Конче, со мандат од една година.

Во своето обраќање, новоизбраниот претседател, Г-н Ристов, искрено се заблагодари за укажаната доверба од страна на членовите на Советот, истакнувајќи дека позицијата ја прифаќа со чувство на голема одговорност и посветеност. Тој ја истакна својата заложба за подобрување на социјалната заштита и зајакнување на кохезијата меѓу општините во регионот.

Тој најави и активности насочени кон зајакнување на соработката со локалните власти, невладиниот сектор и меѓународните организации, со цел имплементација на проекти кои ќе овозможат ефикасно справување со социјалните предизвици.

Присутните членови на Советот ја поздравија неговата иницијатива и изразија подготвеност за заедничка работа во насока на постигнување на зацртаните цели.

Одржана XXX седница на Советот за развој на ЈИПР

На 24.12.2024 година во просториите на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион се одржа 30-та Седница на Советот за развој на ЈИПР.

На оваа седница беа усвоени Финансискиот план и Акцискиот план на Центарот за развој за 2025 година. Исто така беа донесени Одлуки за примопредавање на објекти на општините Струмица, Конче, Ново Село и Дојран.

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион дел од мрежното вмрежување во Европската комисија и Европскиот парламент во Брисел!

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион учествуваше на високо профилни настани организирани од ACRID Network, фокусирани на зајакнување на лидерските вештини и ефективно искористување на можностите за финансирање преку Европската Унија.

Учесниците добија практични насоки за:

Подготовка за претстојните повици на Horizon Europe и Erasmus+ за 2025 година.
Зајакнување на лидерските капацитети за развој на успешни стратегии за финансирање.
Градење силни проектни конзорциуми за идни иницијативи.
Анализа на можности за финансирање преку програми како Horizon Europe, LIFE+, и SMP.
Развој на партнерства во рамките на осум тематски области.
Дискусија за енергетика, транспорт, животна средина и индустрија.
Промоција на циркуларна економија и справување со ресурсни ограничувања.
Поттикнување на дигитални, зелени и напредни технологии за зајакнување на европската глобална конкурентност.

Посетата на Европската комисија и Европскиот парламент овозможи директна размена на искуства со европски институции кои активно работат на поддршка на регионалниот раст, иновациите и одржливиот развој.

Во рамките на свечената вечера организирана од домаќините, од страна на сите присутни партнери беше официјално промовиран проектот SEBCoVE и присутните имаа можност да се запознаат со клучните активности што се имплементираат во рамките на проектот, како и со очекуваните резултати.

Преку своето учество, Центарот за развој на Југоисточниот плански регион:
– Зајакна меѓународни партнерства и отвори нови можности за заеднички проекти.
-Обезбеди пристап до иновациски ресурси и платформи за поддршка на одржливи иницијативи.
-Доби вредни насоки за усогласување на регионалните стратегии со приоритетите на Европската Унија

Овие активности претставуваат значаен чекор напред во обезбедувањето одржлив, инклузивен и иновациски ориентиран развој за Југоисточниот регион.

 

Годишна работилница на Центрите за развој

Овогодинешната тридневна Конференција за отчетност на Центрите за развој на осумте плански региони во Р.С. Македонија се одржува во Гевгелија, со Југоисточниот плански регион како домаќин. Конференцијата ја отвори министерот за локална самоуправа, г-дин Златко Перински, пред аудиториум составен од високи претставници на Швајцарската агенција за развој, Бирото за регионален развој, како и градоначалници од сите региони.

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион активно учествуваше на конференцијата, при што беа презентирани сите проекти имплементирани во изминатата година, заедно со тековните активности и идните развојни планови. Вториот ден беше посветен на идентификација и координација на донаторските фондови во рамки на работилницата „Fundraising“, насочена кон пронаоѓање финансиски средства за нови проекти. Завршниот дел од конференцијата беше резервиран за презентација на активностите на Министерството за локална самоуправа и Бирото за регионален развој за поддршка на рамномерниот регионален развој во 2025 година.

Како и претходните години, и оваа конференција овозможи вмрежување, тим-билдинг, размена на искуства и промоција на регионални вредности и брендови, сето тоа во духот на заедничката мисија за балансиран развој, со цел подобрување на квалитетот на живот на граѓаните – од регионално до национално ниво.

Успешно го одбележавме „Денот на регионот“!

На 03.12.2024 година, во Градската галерија во Струмица, се одржа настанот „Ден на Југоисточниот плански регион,“ организиран од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, во рамките на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој – 2 фаза,“ финансиски поддржан од Министерството за локална самоуправа и Швајцарската агенција за соработка и развој.
Се разговараше за најдоброто од регионот – иновации, идеи и визии за иднината.
Настанот беше платформа за претставување на достигнувањата и потенцијалите на регионот, привлекувајќи широк спектар на учесници, вклучувајќи претставници од локалните власти, академската заедница, граѓанскиот сектор и приватниот сектор. Во текот на денот, учесниците имаа можност да се запознаат со новата Комуникациска стратегија за промоција на регионот, која ќе придонесе за подобра соработка со заедницата и зголемена видливост на регионалните иницијативи.
Во рамките на настанот беа одржани инспиративни панел-дискусии кои опфатија клучни теми за развојот на регионот, како што се улогата на општините како столб на регионалниот напредок, имплементацијата на зелени практики и циркуларна економија како двигатели на одржливоста, како и можностите за развој преку туризмот и зачувувањето на културното наследство.
Посебен момент беше видео – презентацијата на Југоисточниот регион која ја истакна динамиката на развојот и идниот потенцијал на регионот, инспирирајќи ги присутните да размислуваат за нови можности за соработка.
Настанот заврши со неформално вмрежување и коктел, каде учесниците ги споделија своите идеи за идни соработки. Со нетрпение очекуваме да ги видиме резултатите од оваа иницијатива и да го следиме патот на нашиот регион кон подобра иднина!