Центарот со нови средства за 2022 година за санација на полски патишта

На 27.07.2022 година, ВД Директорот на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион Г-н Јован Коцев заедно со Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Г-н Љупчо Николовски потпишаа Договор со кој се доделува финансиска поддршка на Југоисточниот плански регион со цел имплементација на проекти за подобрување на пристапот до обработливи површини во подрачјата на интензивна земјоделска дејност утврдени со Програмата за капитални субвенции за развој на плански региони во областа на земјоделството и руралниот развој за 2022 година.

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион со доделените средства од 2.716.743,00 денари, ќе овозможи санација на полски патишта во следните две општини:

  • Санација на полски пат место викано Бозелот во должина од 730 метри во општина Богданци;
  • Санација на полски пат од населба Софилар кон с. Ангелци м.в Кумиште во должина од 1850 метри

Влијанието на овој проект е од голема важност за регионалниот развој, бидејќи изградбата и реконструкцијата на полските патишта за подобрување на пристапот до обработливи површини претставува основа врз која се развиваат низа фактори кои се од регионално значење за Југоисточниот плански регион. Со ревитализацијата на ваквите патишта ќе се олесни пристапот на земјоделците до нивните обработливи површини, ќе се олесни транспортот на земјоделските производи до откупните центри и ќе се намалат трошоците за транспорт.

ВТОРО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ ВОЗРАСНИ КОМАРЦИ НА ТЕРИТОРИЈАТА НА ЈУГОИСТОЧНИОТ РЕГИОН

Се известуваат граѓаните од општините во Југоисточниот регион, дека по одложеното второ прскање кое беше предвидено за 25 и 26 Јули 2022 година, авионската дезинсекција против возрасни комарци се поместува за наредниот ден со следниот распоред:

• На 26.07.2022 (Вторник), во општините Струмица и Гевгелија;
• На 27.07.2022 (Среда), во општините Богданци, Босилово, Василево, Валандово, Дојран, Конче, Ново Село и Радовиш.

Доколку временските услови се неповолни, авионската дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат подобри.

Ги известуваме пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелните семејства во период од 04.30 до 10.00 часот.

ОДРЖАНА III (ТРЕТАТА) СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ ЗА РАЗВОЈ НА ЈУГОИСТОЧНИОТ ПЛАНСКИ РЕГИОН

На 13.12.2021 година (понеделник), во општина Дојран, се одржa третата Седница на Советот за развој на Југоисточниот плански регион.

На Седницата присуствуваа Градоначалниците од општините во состав на Југоисточниот плански регион и директорката на Центарот за развој на Југоисточниот регион, Жулиета Ѓуркова.

На седница беа поинтирани главните проблеми за долгиот процес кој го отежнува започнувањето со работа на основаното заедничко јавно претпријатие за заловување и третман на бездомни кучиња „АСТРА-ЛУНА“ – Струмица и од тие причини беше  донесена одлука за започнување на постапка за ликвидација на истото и давање на согласност  на општина Струмица за формирање на ново општинско јавно претпријатие кое ќе биде финансирано од нивна страна и во иднина во согласност со законските прописи, истото би било во функција и на соседните општини за минимален надомест по заловено куче.