Проектот имаше за цел да воспостави одржлива соработка помеѓу Општина Гевгелија и Агенцијата за економски развој на Банско, заснована врз имплементација на иницијативи од областа на туризмот поврзани со подобро зачувување и одржливо користење на богатото природно и културно наследство во прекуграничниот регион.
Афирмација на природните и културните вредности во пограничниот регион за подобра видливост и пристап
Краток опис на проектот
Проектот имаше за цел да воспостави одржлива соработка помеѓу Општина Гевгелија и Агенцијата за економски развој на Банско, заснована врз имплементација на иницијативи од областа на туризмот поврзани со подобро зачувување и одржливо користење на богатото природно и културно наследство во прекуграничниот регион. Активностите придонесоа за подобрување на економската соработка, подобрување на знаењето и искуството во развој и спроведување на заеднички проекти и подигнување на јавната свест за придобивките од прекуграничните иницијативи.
Проектот ја стимулираше конвергенцијата на сите делови од населението и изгради мрежи за деловна соработка, размена на искуство и заеднички активности од областа на туризмот, културата и екологијата и овозможи развој на целогодишен туризам во прекуграничниот регион.
Целта на проектот беше постигната преку спроведување на следниве активности:
– Изградба на туристичка локација „Динкут“ – место за спорт, рекреација и забава;
– Развој и поддршка на веб-страница на проектот и профил на проектот на Фејсбук;
– Истражување и анализа на природното и културното наследство во прекуграничниот регион Гевгелија – Банско;
– Развој и поддршка на бесплатна мобилна апликација за природното и културното наследство во прекуграничниот регион Гевгелија – Банско;
– Креирање албум со фотографии од природното и културното наследство во прекуграничниот регион Гевгелија – Банско.
Партнери
Агенција за економски развој Банско Благоевград, Општина Гевгелија
Вкупен буџет
215.312,40 €
Финансиран од
Интеррег ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Бугарија и Република Северна Македонија 2014-2020
Резултати
Изграден е туристички комплекс „Динкут“ во Гевгелија, кој опфаќа разновидни објекти и атракции за деца и возрасни, како и еднаков пристап за лицата со посебни потреби преку развој на објекти за пристап до и во самата туристичката локација. Проектот обезбеди развој на целогодишниот туризам во прекуграничниот регион, ја стимулираше кохезијата на сите групи на население и изгради мрежи за деловна соработка, размена на искуство и заеднички активности од областа на туризмот, културата и екологијата. Комплексот им понуди на локалното население и туристите широк спектар на објекти за спорт, релаксација и забава за подобрување на туристичкиот потенцијал во регионот и квалитетот на животот и социо-економскиот статус на локалното население.
Имплементацијата на проектот вклучи и развој на студија и анализа на природното и културното наследство во прекуграничниот регион Гевгелија – Банско; создавање основен документ за развој на мобилни апликации; развој на веб-страница, мобилна апликација за туристички информации и обезбедување информации на Фејсбук во областа на зачувување на материјалното и нематеријалното природно, историско и културно наследство и ресурси во прекуграничниот регион Гевгелија – Банско. Проектот создаде услови за развој на регионална комуникациска мрежа заснована врз иновативна мобилна апликација Андроид и iOS, подигната на Google Play и App Store за бесплатно преземање.
Времетраење
24 месеци
Веб страна
Галерија
Документација
Споделeте го овој проект
Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram