Skip to content

Беласица – планината на активните луѓе

Краток опис на проектот

Главната цел на проектот е да се зголеми популарноста на Беласица и да се подигне конкурентноста на туристичката понуда на прекуграничниот регион на транс-граничната скала. Ќе бидат организирани, промовирани и одржани голем број на алтернативни туристички иницијативи во двете земји. Планирани се  5 заеднички туристички производи / настани: Беласички активен викенд (се состои од три патеки за трчање, една за планински велосипедизам и промотивни настани); Велосипедска турнеја Беласица; Беласички велосипедизам за деца; изработка на 2 тематски велосипедски патеки. Покрај тоа, предвидена е изработка на 3 заеднички летоци, 5 промотивни видео клипови и 1 краток филм, за кои е планирано таргетот да изнесува повеќе од 8000 луѓе.

Партнери

Планинарско Еколошко Друштво Еделвајс, Асоциација “Клуб за екстремни спортови и планинарство-Бела Екстриим” Благоевград

Вкупен буџет

116.312,00 €

Финансиран од

Интеррег ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Бугарија и Република Северна Македонија 2014-2020

Резултати

Очекувани резултати од проектот се: создавање одржливи производи / настани од областа на алтернативниот туризам; демонстрација на потенцијалот на прекуграничната област на Беласица за алтернативен активен туризам; создавање на заеднички имиџ на прекуграничниот регион на Беласица; зголемување на конкурентноста на прекуграничната туристичка понуда; и создавање на повеќе лични и професионални контакти меѓу велосипедистите, тркачите и посетителите од двете земји.

Времетраење

15 месеци

Веб страна

Главната цел на проектот е да се зголеми популарноста на Беласица и да се подигне конкурентноста на туристичката понуда на прекуграничниот регион на транс-граничната скала. Ќе бидат организирани, промовирани и одржани голем број на алтернативни туристички иницијативи во двете земји.

Галерија

Споделeте го овој проект

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram