Економскиот развој е област од огромно значење за регионот поради проблемот со стапката на невработеност која негативно влијае на целокупната човечка благосостојба во регионот. Општините се соочуваат со многу предизвици кога станува збор за локален економски развој, особено во однос на создавање на работни места обезбедување на поддршка за локалните бизниси и инвестиции.
Со цел адресирање на овие прашања, како и зголемување на конкурентоста на планските региони преку поддршка на малите и средни претпријатија и на претприемништвото, се формираат Бизнис Центри за поддршка и консултативни услуги за мали и средни претпријатија, во рамките на осумте центри за развој на планските региони, а нивното формирање е засновано на одлука на Владата на Република Македонија.
Ваков Центар се формира и во Југоисточниот плански регион, во состав на Центарот за развојн на Југоисточниот плански регион-Струмица. Овој Центар треба да ги подобри постојните услуги насочени кон бизнис секторот од аспект на квалитет (целисходност, применливост и додатена вредност) и квантитет (зголемен број на достапни услуги и опфат на корисници).
Цели на проектот:
- Воспоставување партнерство и комуникација меѓу малите и средни претпријатија,
претприемачи, земјоделци и други субјекти;
- Создавање на ефикасен и ефективен амбиент на ниво на плански регион за поддршка на
приватниот сектор;
- Изработка на комуникациски план за спроведување на Програмата за развој на ЈИПР
2015-2019;
- Изработка на интерактивен веб-портал за инвестирање во регионот.