Skip to content

Бизнис центар за поддршка и консултативни услуги за мали и средни претпријатија во Југоисточниот плански регион

Состојба на проект

Реализирани проекти

Датум на отпочнување

ноември 13, 2014

Датум на реализација

јануари 23, 2016

ТИП НА ФИНАНСИРАЊЕ

Национални фондови, Меѓународни фондови

БУЏЕТ (ДЕНАРИ)

1534577

Економскиот развој е област од огромно значење за регионот поради проблемот со стапката на невработеност која негативно влијае на целокупната човечка благосостојба во регионот. Општините се соочуваат со многу предизвици кога станува збор за локален економски развој, особено во однос на создавање на работни места обезбедување на поддршка за локалните бизниси и инвестиции.
Со цел адресирање на овие прашања, како и зголемување на конкурентоста на планските региони преку поддршка на малите и средни претпријатија и на претприемништвото, се
формираат Бизнис Центри за поддршка и консултативни услуги за мали и средни претпријатија, во рамките на осумте центри за развој на планските региони, а нивното формирање е засновано на одлука на Владата на Република Македонија.
Ваков Центар се формира и во Југоисточниот плански регион, во состав на Центарот за развојн на Југоисточниот плански регион-Струмица. Овој Центар треба да ги подобри постојните услуги насочени кон бизнис секторот од аспект на квалитет (целисходнст,применливост и додатена вредност) и квантитет ( зголемен број на достапни услуги и опфат на корисници).

Цели на проектот:

  • Воспоставување партнерство и комуникација меѓу малите и средни претпријатија,
    претприемачи, земјоделци и други субјекти;
  • Создавање на ефикасен и ефективен амбиент на ниво на плански регион за поддршка на
    приватниот сектор;
  • Изработка на комуникациски план за спроведување на Програмата за развој на ЈИПР
    2015-2019;
  • Изработка на интерактивен веб-портал за инвестирање во регионот;

Резултати од проектот:

  • Формиран бизнис центар;
  • Воспоставена комуникација со стопанските чинители од регионот во насока на поддршка и консултативни услуги;
  • Изработен комуникациски план за спроведување на Програмата за развој на ЈИПР 2015-2019;
  • Изработен интерактивен веб-портал за инвестирање;
  • Одржани советодавни информативни средби со МСП од Југоисточниот плански регион;
  • Креирана е-база со податоци за институции и фирми кои нудат услуги за развој на приватниот сектор;
  • Креиран е-Водич за инвеситори за планскиот регион;
  • Креирана и публикувана Збирка на индустриски зони во планскиот регион;
  • Завршен настан за промоција на проекните резултати;

Галерија

Парнерски општини: Сите општини од регионот
Документација 

Споделeте го овој проект

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram