Skip to content

Вода за сите – Управување со сливот на река Струмица

Краток опис на проектот

Екосистемот на сливот на река Струмица е од витална важност за луѓето кои живеат во овој регион бидејќи обезбедува вода за пиење и наводнување за 124.500 луѓе и претставува природно живеалиште за голем број растенија и животни.

Сливот на реката Струмица е особено ранлив екосистем и е под закана од влијанието на климатските промени, земјоделството кое влијае врз нивото и квалитетот на водата, прекумерната употреба на ѓубрива и пестициди како и од користењето на водата за наводнување.

Зголемената побарувачка на вода од индустријата и населението во руралните и урбаните подрачја како и предвидувањата дека во следниве неколку декади ќе има високи температури и помалку врнежи што може да доведе до огромен недостиг на вода прави проблемот да стане уште полош.

Затоа целта на овој проект е да ги идентификува клучните закани и да ги координира напорите за заштита на сливот на река Струмица и неговите жители.

Цели на проектот:

  • Координација на сите заинтересирани страни, избегнување на заканите и заштита на екосистемот на сливот на река Струмица;
  • Проценка на заканите во земјоделството и планирање на соодветен одговор;
  • Формирање на едно тело што ќе носи одлуки;
  • Приближување на државните норми кон нормите на ЕУ;
  • Идентификување на идни активности и мерки за реставрација на екосистемот на сливот на реката Струмица.

Партнери

УНДП, Министерство за животна средина и просторно планирање, Центар за развој на Југоисточниот плански регион, Општините од Струмичкиот слив

Вкупен буџет

460.000,00 CHF

Финансиран од

Швајцарска Агенција за развој и соработка

Резултати

  • Подобро управување на сливот на реката Струмица;
  • Воведени одржливи земјоделски практики;
  • Воспоставен систем за мониторинг за собирање на податоци;
  • Креиран план за управување со сливот на реката Струмица;
  • Реставриран екосистем на сливот на реката Струмица;
  • Подобрени услови за живот на населението долж течението на реката Струмица преку одржлив раст и развој.

Времетраење

12 месеци

Веб страна

Екосистемот на сливот на река Струмица е од витална важност за луѓето кои живеат во овој регион бидејќи обезбедува вода за пиење и наводнување за 124.500 луѓе и претставува природно живеалиште за голем број растенија и животни. Сливот на реката Струмица е особено ранлив екосистем и е под закана од влијанието на климатските промени, земјоделството кое влијае врз нивото и квалитетот на водата, прекумерната употреба на ѓубрива и пестициди како и од користењето на водата за наводнување.

 

Галерија

Споделeте го овој проект

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram