Skip to content

Градење на акциска мрежа за урбана отпорност во Југоисточна Европа

Краток опис на проектот

Поплавите кои ја погодија Југоисточна Европа во 2014 -2015 година покажаа дека природните катастрофи не знаат за граници и често се случуваат на територијата на повеќе земји. Иако слични ризици од катастрофи се присутни во сите земји партнери во овој проект, нивните политики за управување со ризиците од катастрофи се разликуваат.

Цели на проектот:

  • Спречување на последиците од урбаните катастрофи, заштита на луѓето, животната средина и имотот преку споделување и прилагодување на најдобрите практики за намалување на ризикот од катастрофи на општинско ниво како и зголемување на соработката на општинско и регионално ниво со институциите за цивилна заштита на државно ниво преку заедничко разбирање на урбаните прекугранични ризици од катастрофи и подигање на јавната свест за истите;
  • Одржување на работилници преку кои ќе се овозможи градење на капацитетите и онлајн пристап до информации за намалување на ризикот од катастрофи;
  • Зголемување на јавната свест на граѓаните на урбаните области преку користење на современи алатки и начини на комуникација со цел да се зголеми општото јавно знаење за спречување и ублажување на ризиците од катастрофи.

Партнери

УНДП- Македонија, Босна и Херцеговина, Србија, Албанија, Косово, Црна Гора и Хрватска

Вкупен буџет

1.108.471,00 денари (Буџет на ЦРЈИПР)

Финансиран од

Европска Унија преку Програмата DG ECHO

Резултати

  • Надминати слабости од недоволната соработка и потреба од институционализација на соработката на општинско ниво помеѓу сите засегнати страни за намалување на ризикот од катастрофи;
  • Воспоставена соработка на регионално и прекугранично ниво преку репликација на најдобрите практики и пренесување на know-how на ниво на општина посебно во областа на локалните иницијативи за спречување на ризиците од катастрофи.

Времетраење

24 месеци

Веб страна

Поплавите кои ја погодија Југоисточна Европа во 2014 -2015 година покажаа дека природните катастрофи не знаат за граници и често се случуваат на територијата на повеќе земји. Иако слични ризици од катастрофи се присутни во сите земји партнери во овој проект, нивните политики за управување со ризиците од катастрофи се разликуваат.

Галерија

Споделeте го овој проект

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram