Skip to content

Градење на акциска мрежа за урбана отпорност во Југоисточна Европа

Состојба на проект

Реализирани проекти

Датум на отпочнување

март 9, 2017

Датум на реализација

декември 31, 2018

ТИП НА ФИНАНСИРАЊЕ

Меѓународни фондови

БУЏЕТ (ДЕНАРИ)

1108471

Поплавите кои ја погодија Југоисточна Европа во 2014 -2015 година покажаа дека природните катастрофи не знаат за граници и често се случуваат на територијата на повеќе земји. Иако слични ризици од катастрофи се присутни во сите земји партнери во овој проект, нивните политики за управување со ризиците од катастрофи се разликуваат.

Научени лекции:

  • Надминување на слабостите од недоволната соработка и потреба од институционализација на соработката на општинско ниво помеѓу сите засегнати страни за намалување на ризикот од катастрофи;
  • Соработка на регионално и прекугранично ниво преку репликација на најдобрите практики и пренесување на know-how на ниво на општина посебно во областа на локалните иницијативи за спречување на ризиците од катастрофи.

Цели на проектот:

  • Спречување на последиците од урбаните катастрофи, заштита на луѓето, животната средина и имотот преку споделување и прилагодување на најдобрите практики за намалување на ризикот од катастрофи на општинско ниво како и зголемување на соработката на општинско и регионално ниво со институциите за цивилна заштита на државно ниво преку заедничко разбирање на урбаните прекугранични ризици од катастрофи и подигање на јавната свест за истите;
  • Одржување на работилници преку кои ќе се овозможи градење на капацитетите и онлајн пристап до информации за намалување на ризикот од катастрофи;
  • Зголемување на јавната свест на граѓаните на урбаните области преку користење на современи алатки и начини на комуникација со цел да се зголеми општото јавно знаење за спречување и ублажување на ризиците од катастрофи.

Галерија

Парнерски општини: Босна и Херцеговина, Србија, Албанија, Косово, Црна Гора и Хрватска
Документација 

Споделeте го овој проект

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram