Skip to content

Деловен екосистем како интегриран систем – Би Ин

Краток опис на проектот

Идејата за овој проект потекнува од влијанието што го имаат акцелераторските програми и активности врз работната сила и деловните субјекти.

Од една страна деловните субјекти кои вработуваат експерти и инвестираат во активности за образование и обука би можеле побрзо да се прилагодат на предизвиците на социјалната, економската, технолошката и политичката средина. Но, ваквиот начин е многу избрзан и несоодветен, бидејќи сите нови предизвици бараат вмрежување, синергија и оптимизација на постоечките функции и иновативни решенија.

Од друга страна, поединците со високо образование и тренинг бираат можности за вработување во други региони, надвор од прекуграничната област, во потрага по најдобра понуда за квалификациите кои ги поседуваат.

Овој проект создава интегриран еко-систем заснован на следните принципи – знаење, во форма на идентификација на тековните потреби, како на страната на побарувачката, така и на понудата и забрзување, во смисла на зајакнување на развојните активности, преку засилување на желбата за преземање ризици од деловна страна и зајакнување на трансформацијата на идеите во акции на индивидуално ниво.

ГЛАВНА ЦЕЛ е да им се помогне на поединците да ги развијат своите вештини, а на деловните субјекти да го зголемат својот капацитет преку создавање на кохерентен, интегриран и иновативен деловен екосистем кој овозможува вмрежување и зајакнување на идеите со цел да се намали јазот помеѓу понудата и побарувачката на пазарот во  прекуграничниот регион.

СПЕЦИФИЧНИ ЦЕЛИ:

  • Проширување на знаењето со спроведување на меѓусекторски и квалитетни анкети пропратени со длабински интервјуа, кои ќе дадат една поширока слика за работната сила и трендовите во претприемништвото, а ќе откријат важни слабости на кои ќе се фокусира проектот.
  • Поддршка, помош во работењето и поттикнување на нови идеи на постојните мали и средни претпријатија, преку развивање на пакет со алатки со цел зајакнување на сегашните оперативни капацитети (алатки за дигитален маркетинг, ад-хок деловна поддршка, експерти, работилници и семинари за развој и подготовка за идните трендови).
  • Отвореност и промоција преку делување истовремено во две насоки и  тоа од една страна спроведување на заеднички активности за усогласена презентација и препознатливост на проектот, а од друга страна имплементација на промотивни настани со вклучување на сите засегнати страни и заедницата во прекуграничната област.

Партнери

Регион Централна Македонија, Грција, Истражувачки институт на универзитет Македонија, Грција, Универзитет Гоце Делчев, Штип, Северна Македонија, Центар за развој на Југоисточниот плански регион, Северна Македонија

Вкупен буџет

9.377.674 денари

Финансиран од

Интеррег ИПА програмата за Прекугранична соработка „Грција - Република Северна Македонија 2014-2020“

Резултати

  • Олеснување и усогласување на понудата и побарувачката – Серија истражувања спроведени во прекуграничниот регион ќе ги мапираат тековните трендови, силните страни и слабостите на работната сила и ќе обезбедат информации за претприемачките капацитети, вештини и знаења. Компонентата на знаење на проектот ќе го открие степенот на несовпаѓање, како и идните трендови.
  • Зајакнување на идеите – Резултатите од проектот, а особено оние кои се однесуваат на спроведените кампови за претприемништво и иновации и самитот на млади лидери, ќе откријат нови идеи, но што е најважно ќе го засилат процесот на трансформирање на идеите во конкретни акции.
  • Развој на капацитети и вмрежување – Малите и средни претпријатија ќе имаат директна корист од овој проект со учество во истиот, привлекување млади професионалци, дипломирани и квалификувани експерти и индиректно со тоа што ќе бидат дел од овој еко-систем кој постепено ќе се приспособува кон новата парадигма за прифаќање на ризик и да се биде дел од средина на знаење.
  • Стабилност во креирањето на работни места, иновации и можности за сите студенти.

Времетраење

18 месеци

Веб страна

Идејата за овој проект потекнува од влијанието што го имаат акцелераторските програми и активности врз работната сила и деловните субјекти.

Од една страна деловните субјекти кои вработуваат експерти и инвестираат во активности за образование и обука би можеле побрзо да се прилагодат на предизвиците на социјалната, економската, технолошката и политичката средина.

Галерија

Споделeте го овој проект

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram