Skip to content

Дојран-медитерански бисер во Југоистокот

Краток опис на проектот

Преку овој проект се предвидува реконструкцијата и рехабилитацијата на постоечката патека покрај Дојранското езеро која е со вкупна должина од 5 км и опфаќа машинско чистење на теренот со дрвја, корења и шут, вадење на бекатон плочките со чистење и повторно вградување на истите, бетонирање на повеќе оштетени делови од бетонски потпорни ѕидови, обележување на хоризонтална и вертикална сигнализација, поставување на нови клупи за седење и нови корпи за отпадоци. Со реконструкција на пешачката и велосипедската патека, ќе се добие современ изглед и ќе се подобрат условите што ги нуди општина Дојран како едно важно туристичко место.

Главната цел на проектот е развој на нови туристички атракции, со цел привлекување поголем број туристи и посетители, со што директно ќе се влијае на збогатување на туристичката понуда, развојот на туризмот во регионот, а индиректно и на економски развој на целиот Југоисточен регион.

Партнери

Центар за развој на Југоисточниот плански регион – носител на проектот, Општина Дојран, Општина Богданци, Општина Босилово, Општина Валандово, Општина Василево, Општина Гевгелија, Општина Конче, Општина Ново Село, Општина Радовиш и Општина Струмица

Вкупен буџет

10.030.000,00 денари

Финансиран од

Биро за регионален развој и Општина Дојран

Резултати

  • Зголемен број на туристи за период од 3 години до 2026 година
  • Зголемен број на ноќевања
  • Зголемен број на велосипедисти
  • Зголемен приход од туристичка такса
  • Зголемен економски приход од странски и домашни туристи

Времетраење

10 месеци

Веб страна

Преку овој проект се предвидува реконструкцијата и рехабилитацијата на постоечката патека покрај Дојранското езеро која е со вкупна должина од 5 км

Галерија

Споделeте го овој проект

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram