Серија дестуруктивни природни катастрофи во 2017 година доведоа до сериозни човечки, еколошки и економски загуби во Европа. Регионот е значително ранлив кон климатските промени и многу слабо подготвен да одговори соодветно на природните непогоди и катастрофи.
Заеднички мерки за спречување и намалување на последиците од катастрофи во општините Сандански и Радовиш
Краток опис на проектот
Серија дестуруктивни природни катастрофи во 2017 година доведоа до сериозни човечки, еколошки и економски загуби во Европа. Регионот е значително ранлив кон климатските промени и многу слабо подготвен да одговори соодветно на природните непогоди и катастрофи. Поплавите имаат сериозно влијание врз економската, социјалната и локалната ситуација во регионот. Прекуграничниот регион подлежи на поројни дождлви во текот на летото со зголемена фреквенција и времетраење. Како резултат на тоа, речните корита на главните реки во некои критични области не се во состојба да ги прифатат водите од овие врнежи. Ова доведува до поплавување на терените, а понатаму и кон поплави со исклучително неповолни последици за областите, како што се уништување на расположливата инфраструктура – мостови, патишта, дури и загуба на човечки животи, итн.
Какo резултат на зголемените врнежи, општина Сандански и општина Радовиш страдаа од поплави предизвикани од реките Санданска Бистрица и реката Сушица и токму поради ваквите непoгоди, големо е значењето од еден ваков проект.
Главните активности на проектот:
1. Кампања за информирање и публицитет што ќе овозможи промоција на активностите, настаните и резултатите од проектот во прекуграничниот регион;
2. Подготовка на Водич „Збирка на добри практики за борба против последиците од климатските промени во заедниците“ кој ќе биде дистрибуиран во Бугарија и Северна Македонија, а ќе има за цел да ја зголеми свеста на носителите на политики и одлуки во прекуграничниот регион. ;
3. Организирање на отворени работилници за климатски промени и „зелени“ активности во Бугарија и С. Македонија со цел да се зголеми свеста на младите за последиците од климатските промени и поврзаните ризици како што се ерозија, поплави, бури и суша итн. ;
4. Организирање на тркалезни маси за ублажување на климатските промени со цел ублажување на последиците од климатските промени во Бугарија и С. Македонија, за поддршка и размена на добри практики, искуства и знаења за различните мерки за ублажување на последиците од климатските промени;
5. Инфраструктурни активности во општина Сандански – уредување на дел од коритото Санданска Бистрица и поплавен простор вклучувајќи изградба на неколку корективни ѕидови со различна должина и габионски објекти според техничките проекти, чистење и уредување на коритото, зајакнување и создавање на насипи и речни брегови итн. Дополнително, ќе се вклучи и пошумување на речниот слив, како мерка за намалување на ерозијата и смирување на бучавата создадена од речниот тек;
6. Инфраструктурни активности во општина Радовиш – уредување на делницата од 624 метри на реката Сушица, со чистење на коритото, поставување на каскадни прагови, кејски ѕид, уредување на дното на коритото, изградба на скали на ѕидот на кејот и рампи за да се создаде пристап до реката. Исто така се предвидува и пошумување на речниот слив.
Партнери
Центар за развој на Југоисточниот плански регион, Општина Радовиш од Република Северна Македонија и Општина Сандански од Република Бугарија
Вкупен буџет
36.157.816,00 денари
Финансиран од
Интеррег - ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија 2014-2020 година
Резултати
- Спроведени мерки за адаптација на климатските промени поврзани со значително намалување на ризикот од поплави во
- Општините Сандански (Бугарија) и Радовиш (С.Македонија);
- Изградена зелена инфраструктура која ќе придонесе за намалување на негативните последици од поплавите, што истовремено дава дополнителни придобивки во однос на складирањето на јаглеродот, намалувањето на бучавата и биодиверзитетот;
- Зголемена свест и знаење на младите за последиците од климатските промени и нивното влијание врз прекуграничниот регион, како и за можните мерки за решавање на тие прашања;
- Поттикна комуникација и размена на најдобри практики, искуства и знаења за различните мерки за ублажување на последиците од климатските промени меѓу различните чинители на заедниците во заедничките прекуграничен регион;
- Подобрен квалитет на живот и зголемена безбедност од природни катастрофи во прекуграничниот регион.
Времетраење
24 месеци
Веб страна
https://jointaction.eu/mk/home
Галерија
Документација
Споделeте го овој проект
Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram