Skip to content

Заеднички мерки за спречување и намалување на последиците од катастрофи во општините Сандански и Радовиш

Состојба на проект

Датум на отпочнување

јули 13, 2019

Датум на реализација

јули 12, 2021

ТИП НА ФИНАНСИРАЊЕ

Национални фондови, Меѓународни фондови

БУЏЕТ (ДЕНАРИ)

36157816

Серија десуруктивни природни катастрофи во 2017 година доведоа до сериозни човечки, еколошки и економски загуби во Европа. Регионот е значително ранлив кон климатските промени и многу слабо подготвен да одговори соодветно на природните непогоди и катастрофи.

Поплавите имаат сериозно влијание врз економската, социјалната и локалната ситуација во регионот. Прекуграничниот регион подлежи на поројни дождлви во текот на летото со зголемена фреквенција и времетраење.

Како резултат на тоа, речните корита на главните реки во некои критични области не се во состојба да ги прифатат водите од овие врнежи. Ова доведува до поплавување на терените, а понатаму и кон поплави со исклучително неповолни последици за областите, како што се уништување на расположливата инфраструктура – мостови, патишта, дури и загуба на човечки животи, итн.

Какo резултат на зголемените врнежи, општина Сандански и општина Радовиш страдаа од поплави предизвикани од реките Санданска Бистрица и реката Сушица и токму поради ваквите непoгоди, големо е значењето од еден ваков проект.

Галерија

Парнерски општини: Општина Радовиш и Општина Сандански од Република Бугарија
Документација 

Споделeте го овој проект

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram