Главната цел на проектот беше да се подобри пристапноста до природното наследство во општините Ќустендил и Конче со цел да се искористи потенцијалот на овие ресурси за развој на туризмот од двете страни на прекуграничниот регион преку следниве активности:
– изградба на транспортен и пешачки пристап до природната знаменитост „Водопад Полска Скакавица“ – реконструкција на општински рурален пат, еко патеки и места за одмор и набљудување – Општина Ќустендил и инсталација на урбана опрема, како и за туристичка населба Мантово – изградба на еко патеки и места за одмор и набудување – Општина Конче;
– спроведување на тематски работилници „Соодветно однесување со клиентите“ и „Одржливо користење на природата и културата за развој на туризмот“; развивање на сеопфатна студија и презентирање на природните потенцијали за развој на туризмот во општина Ќустендил;
– презентација на културните и природните туристички потенцијали на општина Конче;
– презентација на локалната традиција од страна на локалните уметници од двете општини – музички настапи и изложби;
– организација на форуми на тема „Партнерство за развој на туризмот“ во двете општини.