Skip to content

Изградба на канализационен систем за фекална отпадна вода во Стар Дојран за улица Вељко Влаховиќ и дел од улица Никола Карев

Краток опис на проектот

Современата модерна патна и комунална инфраструктура е основен предуслов за поттикнување на развојот во планските региони. Југоисточниот плански регион во голема мера нема систематско регулирање на отпадните води. Целта на проектот е изградба на канализационен систем за фекална отпадна вода во Стар Дојран за улица “Вељко Влаховиќ” во должина од 575,92 метри и дел од улица “Никола Карев” во должина од 341,01 метри.

Најголем проблем на населението на овие улици во моментов е недостигот на канализациона мрежа за отпадни води. На овој дел од населбата има најмногу викенд куќи и апартмани за изнајмување, чии сопственици претежно (дури 60%) се од Југоисточниот регион. Со изградба на канализационен систем за фекална отпадна вода за овие улици, предвидениот колектор ќе ја врши својата функција и ќе ја дистрибуира отпадната вода во пречистителната станица, со што во потполност ќе се спречи загадувањето на Дојранското езеро со отпадни води, кое претставува еден од главните туристички бисери на регионот.

Преку изградбата на канализационен систем во Стар Дојран, ќе се намали можноста на штетни влијанија, на мешање на подземните води предизвикани од честите поплави со отпадните води од септичките јами, од индивдуалните домаќинста во општината, а со сето тоа ќе се зголеми квалитетот на подземните води, водите во отворените одводни канали и квалитетот на почвата, и воедно ќе се подобри квалитетот на животот на граѓаните на Стар Дојран.

Со сето тоа, на жителите и туристите ќе се овозможи чиста средина за престојување и употреба на многуте лековити растенија во Дојранското езеро. Со соодветно третирање на отпадните води, ќе се спречи нивното долевање во септичките јами, а со тоа ќе се спречи и долевање по почвата, улиците и дворовите на населението.

*Цели на проектот 

  • Изградба на канализационен систем на улица Вељко Влахович и дел од улицата Никола Карев во Стар Дојран;
  • Подобрување на локалната комунална инфраструктура во Југоисточниот плански регион;
  • Спречување на загадување од течен фекален отпад во Стар Дојран;
  • Подобрување на условите за живот на населението во општината и зачувување на животната средина.

Партнери

Општина Богданци, Општина Босилово, Општина Валандово, Општина Василево, Општина Гевгелија, Општина Дојран, Општина Конче, Општина Ново Село, Општина Радовиш, Општина Струмица

Вкупен буџет

5.930.442,00 денари

Финансиран од

Биро за регионален развој и Општина Дојран

Резултати

  • Современ канализациски систем за отпадни фекални води;
  • Спречено влевање на отпадните води во септичките јами и долови кои постојано се преполнуваат;
  • Спречено излевање на отпадната вода по улиците и дворовите на жителите;
  • Решение за заштита на водите на Дојранското езеро;
  • Населението на општина Дојран ќе го задржи статусот за најдобро туристичко место во Југоисточниот регион

Времетраење

5 месеци

Веб страна

Современата модерна патна и комунална инфраструктура е основен предуслов за поттикнување на развојот во планските региони. Југоисточниот плански регион во голема мера нема систематско регулирање на отпадните води. Целта на проектот е изградба на канализационен систем за фекална отпадна вода во Стар Дојран за улица “Вељко Влаховиќ” во должина од 575,92 метри и дел од улица “Никола Карев” во должина од 341,01 метри.

Галерија

Споделeте го овој проект

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram