Skip to content

Изградба на локален пат за поврзување на населените места Бориево и Колешино – прва фаза

Краток опис на проектот

Локалните патишта се од големо значење за развојот на регионалните плански региони, локалната  економија, привлекувањето на нови инвестиции, мали бизниси и земјоделски активности. За таа цел потребно е во Југоисточниот плански регион да се создадат неопходни услови за развој, уредување и изградба на локални патишта кои ќе го подобрат животниот стандард.

Овој Проект е особено важен и за посетителите на Колешинските водопади и Моноспитовското Блато бидејќи им создава потешкотии при патувањето до овие туристички локалитети по најразлични временски услови и го продолжува времето на патување. Користењето на овој патен правец исто така предизвикува проблеми за трговците и земјоделците и тоа зголемени трошоци за транспорт и загуби поради намалување на квантитетот на трговските и земјоделските производи.

Цели на проектот:

  •  Изградба на дел од локален пат с.Бориево- с.Колешино (прва фаза) во должина од 2200м;
  •  Соодветен пристап на граѓаните до своите домови, работни места, училишта, земјоделски површини и откупни центри;
  • Подобрен пристап до туристичките локалитети во Подбеласичкиот регион;
  • Олеснување на пристапот до туристичките локации.

 

Партнери

Центар за развој на Југоисточниот плански регион - носител на проектот, Општина Босилово, Општина Ново Село

Вкупен буџет

16.284.504,00 денари

Финансиран од

Биро за регионален развој Општина Босилово и Општина Ново Село

Резултати

  •  Изграден локален пат во должина од 2200м од с.Бориево – с.Колешино ( прва фаза);
  • Зголемен број на туристи и зголемен приход од туризам;
  • Зголемен број на земјоделци кои ќе го користат патот за подобар пристап до пазарите на големо;
  • Подобрена локалната патна инфраструктура во Југоисточниот плански регион;
  • Зголемен економски развој во Југоисточниот регион.

Времетраење

10 месеци

Веб страна

Локалните патишта се од големо значење за развојот на регионалните плански региони, локалната  економија, привлекувањето на нови инвестиции, мали бизниси и земјоделски активности. За таа цел потребно е во Југоисточниот плански регион да се создадат неопходни услови за развој, уредување и изградба на локални патишта кои ќе го подобрат животниот стандард.

 

Галерија

Споделeте го овој проект

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram