Skip to content

Изградба на локален пат кој ги поврзува селата Муртино и Еднокуќево во должина од – 1.387 метри – втора фаза

Краток опис на проектот

Патниот транспорт и инфраструктура играат клучна улога во економскиот развој, зголемувањето на бројот на туристите во регионот, подобрување на комуникацијата меѓу граѓаните од околните населени места, пристапот на земјоделците до своите ниви и до пазарите на големо, развивањето на современа и функционална инфраструктура, како и на животниот стандард на населението.

Целта на овој проект е развој на патна инфраструктура во должина од околу 1390 м што ќе ги поврзува селата Муртино, Општина Стрмица и Еднокуќево, Општина Босилово.

Подобрената патна инфраструктура ќе овозможи олеснета комуникација помеѓу трите општини, побрз и побезбеден транспорт на патници и стока, а од најголемо значење ќе биде за земјоделците кои секојдневно ќе можат да го користат овој пат со цел полесно пристигнување до земјоделските површини и пренесување на готовите производи до пазарите кои се наоѓаат во близина на микро- регионот.

Изградбата на локалниот пат од с.Муртино до с.Еднокуќево до крајна фаза асфалтирање и негово користење ќе биде од голема важност за граѓаните од овие населени места бидејќи ќе се оствари поголема соработка помеѓу трите општини, како и подобрување на локалниот економски и туристички развој.

Цели на проектот:

  • Подобрување на локална патна инфраструктура во Југоисточниот плански регион;
  • Подобрување на условите за живот во населените места во овој микро регион;
  •  Олеснет пристап до откупни пазари и стока;
  •  Олеснет пристап до туристичките локалитети кои се наоѓаат во близина на овој микро регион.

Партнери

Општина Струмица, општина Босилово, Општина Ново Село

Вкупен буџет

5.035.408,00 денари

Финансиран од

Биро за регионален развој и Општина Струмица

Резултати

  • Изградена локална патна мрежа во должина од околу 1390 м која ги поврзува населените места с.Муртино- с.Еднокуќево;
  • Подобрена локална патна инфраструктура во Југоисточниот плански регион.

Времетраење

8 месеци

Веб страна

Патниот транспорт и инфраструктура играат клучна улога во економскиот развој, зголемувањето на бројот на туристите во регионот, подобрување на комуникацијата меѓу граѓаните од околните населени места, пристапот на земјоделците до своите ниви и до пазарите на големо, развивањето на современа и функционална инфраструктура, како и на животниот стандард на населението.

 

Галерија

Споделeте го овој проект

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram