Skip to content

Изградба на локален пат кој ги поврзува селата Муртино и Еднокуќево во должина од – 1.387 метри – втора фаза

Состојба на проект

Реализирани проекти

Датум на отпочнување

април 25, 2017

Датум на реализација

април 20, 2018

ТИП НА ФИНАНСИРАЊЕ

Национални фондови

БУЏЕТ (ДЕНАРИ)

5035408

Патниот транспорт и инфраструктура играат клучна улога во економскиот развој, зголемувањето на бројот на туристите во регионот, подобрување на комуникацијата меѓу граѓаните од околните населени места, пристапот на земјоделците до своите ниви и до пазарите на големо, развивањето на современа и функционална инфраструктура, како и на животниот стандард на населението.

Целта на овој проект е развој на патна инфраструктура во должина од околу 1390 м што ќе ги поврзува селата Муртино и Еднокуќево.

Подобрената патна инфраструктура ќе овозможи олеснета комуникација помеѓу трите општини, побрз и побезбеден транспорт на патници и стока, а од најголемо значење ќе биде за земјоделците кои секојдневно ќе можат да го користат овој пат со цел полесно пристигнување до земјоделските површини и пренесување на готовите производи до пазарите кои се наоѓаат во близина на микро- регионот.

Изградбата на локалниот пат од с.Муртино до с.Еднокуќево до крајна фаза асфалтирање и негово користење ќе биде од голема важност за граѓаните од овие населени места бидејќи ќе се оствари поголема соработка помеѓу трите општини, како и подобрување на локалниот економски и туристички развој.

Цели на проектот:

  • Подобрување на локална патна инфраструктура во Југоисточниот плански регион;
  • Подобрување на условите за живот во населените места во овој микро регион;
  •  Олеснет пристап до откупни пазари и стока;
  •  Олеснет пристап до туристичките локалитети кои се наоѓаат во близина на овој микро регион;

Резултати на проектот:

  • Изградена локална патна мрежа во должина од околу 1390 м која ги поврзува населените места с.Муртино- с.Еднокуќево.

Галерија

Парнерски општини: Општина Струмица, општина Босилово, Општина Ново Село
Документација 

Споделeте го овој проект

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram